20.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ВАРХЕЈИ – СОФИЈА И СКОПЈЕ ДА ГИ НАМАЛАТ ТЕНЗИИТЕ, ОДГОВОРНИТЕ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ДА СЕ СООЧАТ СО ПРАВДАТА

Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи Оливер Вархеји, денеска пред Европскиот парламент изјави дека очекува да се намалат тензиите меѓу Софија и Скопје кои кулминираа на 4 февруари, на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, а сите одговорни за инцидентите што се случија да се соочат со правдата.

„Настаните од 4 февруари не се охрабрувачки. Се надевав на многу повеќе – како што беше одлучено од раководствата на двете земји, ќе има заедничко одбележување на датумот. Се надевам дека ќе успее следната година и нема да има слични настани на границата. Морам да признаам дека за властите во Скопје не е лесна задача да останат смирени доколку има провокации на границите. Заедно, ЕУ мора да испрати порака дека историјата се споделува и како таква треба да се слави. Ќе направиме сè што е во наша моќ да ја намалиме тензијата. Се надеваме дека ќе се спроведат сите билатерални договори“, рече Вархеји, одговорајќи на прашања на бугарските европратеници.

Андреј Ковачев побара од Вархеи да потврди дека ЕК ја следи не само промената на македонскиот устав, туку и спроведувањето на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје од 2017 година и двата протокола, пред да започнат суштинските преговори за пристапување со Македонија.

Вархеји рече дека има многу јасни правила во преговарачката рамка, што овозможи свикување на првата меѓувладина конференција.

„Барањата се јасни, потребни се добрососедски односи. ЕК ќе го следи ова прашање и очекуваме напредок оваа година. Ги набљудувам настаните, разговарав со македонски граѓани кои се идентификуваат како Бугари. Власта во Скопје не само што е свесна, туку и дејствува за искоренување на секоја омраза кон Бугарите. Насилниците се уапсени, истрагата продолжува, се надевам дека ќе има случај на суд. Мислам дека ова треба да биде показател за решителноста на властите во Скопје“, додаде Вархеји во врска со случајот со Христијан Пендиков.

Вархеји посочи дека ЕК го следи почитувањето на договорот меѓу Бугарија и Македонија, како и на Договорот од Преспа. Тој најави дека извештајот за напредокот на Македонија се очекува да биде објавен наесен.

Бугарија го постави внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав како услов за продолжување на евроинтеграциите. Бугарија го блокираше почетокот на преговори со ЕУ на Македонија поради историски, идентитетски и јазичен спор.
Односите се влошија на почетокот на оваа година, кога бугарски политичари во Скопје тврдеа дека Македонија е бугарска земја. Тензиите ескалираа по претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев помина под силно полициско обезбедување, а на бугарските граѓани кои сакаа да се поклонат пред гробот на револуционерот не им беше дозволен влез во Македонија поради „технички проблеми“ со компјутерскиот систем на граница. Тројца бугарски граѓани беа уапсени на граничниот премин Деве Баир поради навредување на полицијата.

Двете земји го сметаат Делчев за свој национален херој.

Бугарски граѓани потоа ги искршија излозите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Related posts

СЕ „КРЧКА“ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО

ninja

Бајден загрижен за ситуацијата на Косово, ангажира помошник да разговара со Вучиќ и Курти

admin

Германски медиуми: За каква иднина се спрема Србија?

admin

ЕУ го губи трпението со тензиите меѓу Косово и Србија

admin

Забраната на српскиот динар предизвикува тензии во Косово

admin

Разузнавачки агенции: САД се соочуваат со кревок светски поредок

admin