28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Четири лица загинаа во судир меѓу воз и училишен минибус во Белгија

Две деца и две возрасни лица загинаа во судир меѓу воз и училишен минибус во белгискиот град Бугенхаут, јави Би-Би-Си.

Во минибусот во моментот на несреќата имало седум деца, возач и придружник.

Белгискиот министер за мобилност Жан-Лук Крик изјави дека рампите на железничкиот премин биле спуштени во моментот на судирот.

Портпаролката на федералната полиција Ан Бергер изјави дека минибусот превезувал ученици кон училиште за специјално образование.

Несреќата се случила кратко по 08:00 часот по локално време.

Според Бергер, возачот се движел по улица паралелна со железничката линија, а потоа свртел лево кон преминот иако рампата веќе била спуштена.

Во тој момент низ Бугенхаут поминувал воз кој директно удрил во минибусот.

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат превртен минибус покрај железничката пруга во малиот град северозападно од Брисел.

Никој од патниците во возот не бил повреден, но едно лице било третирано поради шок.

Фламанската министерка за образование Зухал Демир на социјалните мрежи напиша дека станува збор за „срцепарателна вест“.

„Моите мисли се со жртвите, нивните семејства и сите кои се погодени“, напиша Демир.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека „денес Европа тагува со Белгија“.

Related posts

„Вреди“ со пратеник повеќе, „Европски фронт“ – еден помалку

admin

Зајкова критикува дека лидерската средба ја игнорираше економијата и минималната плата

admin

Путин тргна по Пригожин, го уништува во секој поглед

admin

Финансиска полиција и ОЈО ГОКК приведоа повеќе лица во акција за корупција

admin

Кој е на првото место со санкции во светот?

ninja

ЗАКАНИТЕ НА АНГЕЛ ЏАМБАСКИ ГИ КРЕНАА ИНСТИТУЦИИТЕ НА НОЗЕ

ninja