14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

Претседателот на државата Стево Пендаровски синоќа прв го пречека високиот владин претставник на САД, Габриел Ескобар.

“На денешната средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД, разговаравме за македонските аспирации за членство во Европската Унија и за следните чекори коишто треба да ги преземеме како држава, за да напредуваме во процесот. За остварување на нашите стратешки цели, посебно ја цениме поддршката од САД”, изјави Пендаровски по средбата.

На средбата, според соопштението од претседателскиот кабинет, била потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, било изразено очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговарало и за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес.

На средбата станало збор и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Related posts

Г7 бара продолжување и проширување на договорот за извоз на украинско жито

admin

Спасовски: Денес се навршуваат 8 години од „Диво Насеље” – никогаш да не се повтори!

admin

Дизелот стигна до 101,5 денари, се отвора пат за нов бран поскапувања

admin

Венко Филипче е нов претседател на СДСМ, вети реорганизација и заедништво

admin

ВЛЕН прашува: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

admin

Во април првата транша за Северна Македонија од Планот за раст

admin