22.5 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Почна проектот за мобилизација на младите за европеизација на Балканот

Денеска во Подгорица започна регионалниот проект „Младински ангажман за европеизација на Балканот“, организиран од младински организации од Црна Гора, Косово и Северна Македонија. Настанот се одржа во просториите на Europe House и го стави во фокус гласот на младите во процесот на европска интеграција на регионот, пренесува kdp.mk.

Настанот беше отворен со поздравни говори од претставниците на партнерските организации: Милица Дедиќ, извршна директорка на НВО ГЛАС од Црна Гора, Лорик Идризи – програмски директор во BIRC од Северна Македонија и Дренуша Латифи – претставничка на CFID од Косово.

Презентацијата на проектот ја водеше регионалниот координатор Лорик Идризи, кој го претстави визијата и целите на иницијативата, која има за цел да ги зајакне младите низ Западен Балкан преку прекуграничен дијалог, граѓанско учество и промовирање на европските вредности.

Лорик Идризи – програмски директор во BIRC од Северна Македонија

Еден од најзначајните моменти од денот беше младинскиот панел со наслов „Што значи европеизација за нас?“, каде што млади од Црна Гора, Косово и Северна Македонија ги споделија своите размислувања за вклученоста на младите во патот кон Европската Унија. Панелистите – Даница Среткоска, Мојаш Канкараш и Ррон Укимерај – понудија лични перспективи за заедничките предизвици и можности со кои се соочуваат младите во нивните општества. Модераторка на панелот беше Тијана Војиновиќ од Црна Гора. Панелот се одржа на англиски јазик и беше отворен за јавноста.

Милица Дедиќ, извршна директорка на НВО ГЛАС

„Овој панел е еден од најважните моменти на проектот. Станува збор не само за ставовите на институциите, туку и за тоа што веруваат, сонуваат и посакуваат самите млади за својата иднина во европското семејство,“ се наведува во заедничката изјава од организаторите.

Дренуша Латифи – претставничка на CFID од Косово

Настанот продолжи со тематска сесија со Марија Милошевиќ, секретарка на Комисијата за европски интеграции во Парламентот на Црна Гора, која зборуваше за улогата на законодавните институции во процесот на интеграција и за потребата тој да стане подостапен и поразбирлив за граѓаните. „Европските прашања и самиот процес на интеграција треба да се демистифицираат – граѓаните треба да ги доживуваат како дел од секојдневниот живот, а не како нешто далечно и комплицирано,“ истакна таа.

Марија Милошевиќ, секретарка на Комисијата за европски интеграции во Парламентот на Црна Гора

На крајот од настанот, партнерите на проектот одржаа затворена стратешка сесија на која се дискутираа следните чекори кон организацијата на следниот настан што ќе се одржи во Скопје. Разговорите беа фокусирани на зајакнување на соработката меѓу партнерите, утврдување на временската рамка и изработка на заедничка стратегија за медиумско покривање и комуникација.

Проектот „Младински ангажман за европеизација на Балканот“ е поддржан од Western Balkans Fund (WBF) и се очекува да се прошири во повеќе земји од регионот, градејќи мостови на соработка меѓу младите и придонесувајќи кон приближување на општествата од Западен Балкан кон Европската Унија.

Related posts

„Не“ за рудници во дворовите, не покрај нивите – Повик за гаранција за еколошки параметри во првата Стратегија за рударство

admin

Египет работи да го убеди Хамас да го прифати планот на Трамп

admin

„Ужасот во Магдебург ќе ја промени изборната кампања“

admin

Рамафоса се жали: Јужна Африка исклучена од Г7 – Трамп ги игра картите зад сцената

admin

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за поврзаност меѓу Заев и осомничен за подметнување пожар, од СДСМ остро демантираат

admin

ВИДЕО Големо невреме од Хрватска пристигна во Србија

admin