Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека по парламентарните избори во Бугарија ќе биде избран јасно проевропски ориентиран премиер, кој ќе се фокусира на добрососедските односи.
Тој истовремено изрази разочарување од нискиот одзив на граѓаните од Македонија кои се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија, наведувајќи дека бројката е значително пониска од очекувањата.
„Очекував излезеноста да биде поголема,“ изјави Мицкоски, коментирајќи го интересот за гласање.
Според него, идната бугарска влада треба да се насочи кон европските вредности и критериуми, наместо кон билатерални спорови.
„Потребен е фокус на европските принципи и на унапредување на односите меѓу соседите,“ рече Мицкоски.
Бугарија денеска одржува парламентарни избори во услови на продолжена политичка нестабилност, со оглед дека ова е осми изборен циклус во последните пет години.
Според првичните информации, гласањето се одвива мирно, иако на одредени избирачки места се пријавени технички проблеми со гласачката опрема.

