8.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Приштина со одговор за реакциите во Скопје за посетата на Курти

Портпаролот на Владата, Перпарим Криезиу, рече дека премиерот, Албин Курти, во Тетово и Чаир отишол на покана на градоначалниците, при што ја спомена и заедничката средба на двете влади во септември 2021 година, ја пренесува Инбокс7 реакцијата на косовската влада за критиките во Северна Македонија за самата посета.

„Посетата на премиерот Курти на Северна Македонија беше на покана на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, по повод преименување на улица во Скопје со име на деецот Адем Демачи и свечено пуштање во употреба на патот кој го поврзува селото Вица со село Селца. Во средината на јуни, исто така, со покана, премиерот Курти учествуваше на Форумот во Преспа, во Струга, во чии рамки оствари средби со албански претставници на Северна Македонија, меѓу кои и со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Што се однесува до нивото на меѓудржавните односи, потсетуваме дека двете влади за прв пат одржаа заедничка средба во септември 2021 година, како резултат на добрите односи и заедничките интереси. Комуникацијата меѓу владините кабинети е редовна“, рече тој.

Тој му одговори и на претседателот на Србија, кој изјави дека „Курти во Тетово ја промовираше „Голема Албанија““.

„Како што изгледа, Вучиќ почна сам, инсистирајќи на „Голема Србија“ и по четири изгубени војни под името „Српски свет“ и залудно не обвинува“, продолжи тој.

Инаку, македонските политички фактори го гледаат како националистички настапот на Курти, за време на чиј говор, пред илјадници поддржувачи во Тетово, јавно беше истакнато знаме на „Голема Албанија“.

Курти не сакаше многу да ги коментира обвинувањата во Скопје.

„Сметам дека Република Северна Македонија е држава, партнер, сојузник и пријател со заеднички интегративни цели во Европската Унија. И тие се членки на НАТО, а ние го имаме НАТО овде. Ова покажува дека нашите односи се одлични“, рече Курти.

Тој не сакаше да ги коментира изјавите на кабинетот на претседателот Пендаровски, кој побара организаторите на јавните собири во Тетово и Чаир да бидат законски санкционирани поради кршење на законските одредби за употреба на знамето и химната, како и за целосно непознавање на државните симболи.

Related posts

Обвинителство поднесе обвинение за Феникс, за спомениците од Скопје 2014

admin

Владата на Мицкоски добива ново лице – кој е човекот што треба да го спаси здравството?

admin

БУЏЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗА И ЗАБРЗУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК

admin

„Исчезнале“ две милијарди долари: Протечени документи ја откриваат офшор-мрежата на Абрамович

admin

Бериша: Рама го дискриминира северот на земјата

admin

Слободата на медиумите под притисок од партиски ПР, нетранспарентен капитал и „копи-пејст“ новинарство

admin