20.1 C
Скопје
6 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Османи се сретна со Агелер: Над четири милиони долари за борба против корупцијата

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи,  денеска оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, јавува Инбокс7.

Според соопштението, на средбата се зборувало за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што министерот Османи изразил благодарност за дополнителните средства во висина од 4.276.000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

“Министерот потенцираше дека со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата.”, се вели во соопштението.

Related posts

Зара ја повлече контроверзната реклама

admin

Израелскиот премиер Нетанјаху го обвини австралискиот премиер дека поттикнува антисемитизам

admin

ЕРДОГАН ТРГНА ПО НЕТАНЈАХУ: Опасна битка за влијание во Сирија

admin

Експлозии во Техеран и Ормут – кревкото примирје пред колапс

admin

Струјата може да поскапи 13 проценти

admin

„Форин аферс“ предупредува: Светскиот мир се распаѓа, Обединетите нации ја губат улогата

admin