26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Градоначалникот на Струга тужен поради албанско знаме

Полиција поднесе прекршочна пријава против Општина Струга и градоначалникот Менди Ќура поради непочитување на државни протоколи

 

Полицијата поднесе прекршочна пријава против Општина Струга и градоначалникот Менди Ќура поради непочитување на законските протоколи при одбележувањето на Денот на албанското знаме, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Секторот за внатрешни работи во Струга утврдил дека настанот, одржан на улицата „Маршал Тито“, бил организиран без истакнување на знамето на Република Северна Македонија, што претставува кршење на член 6 од Законот за употреба на знамињата на заедниците. Организаторите, Општината и градоначалникот, ја прекршиле законската обврска да се истакне и државното знаме при јавно истакнување на знамињата на етничките заедници.

Случајот предизвика и политички реакции. Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување од Ќура, откако на прославата на 28 ноември во Струга беа поставени само албански знамиња, без државното, како што предвидува законот. Мицкоски не го прифатил образложението на Ќура дека традиционално секоја година настанот се организира на тој начин и изјавил дека не верува дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржат работата на градоначалникот.

Во реакција, Ќура рече дека отсуството на државното знаме е пропуст, но додаде дека тоа нема да ја наруши соработката со премиерот и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека Струга е голем проект што надминува еден пропуст на манифестација.

Ќура на локалните избори се кандидираше како независен кандидат, поддржан и од Коалицијата ВЛЕН, а неговата кампања ја поддржа и ВМРО-ДПМНЕ, со учество на Мицкоски. За разлика од критиките кон Ќура, Мицкоски го пофали Изет Меџити од Општина Чаир, каде на прославата на 28 ноември беше поставено и државното и албанското знаме.

Прекршочната пријава сега е во надлежност на прекршочниот суд, кој ќе одлучи за висината на казната за непочитување на државните симболи според член 11 од законот.

 

 

Related posts

ЕУ може да реагира на Американските забрани за визи

admin

Царините на Трамп го погодија европскиот луксузен сектор, акциите во пад

admin

ССМ бара минимална плата од 600 до 700 евра, Владата најавува усогласување во март

admin

Кинеските електрични автомобили ги заобиколуваат европските царини и растат во извозот

admin

Мицкоски со порака до граѓаните: Ако има метеж – летувајте дома

admin

С.Македонија на дното, Луксембург, Германија и Австрија најразвиени економии во ЕУ

admin