19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски си ја цементира моќта: Што се криe зад третиот мандат?

ВМРО-ДПМНЕ денес го одржува 18. партиски конгрес на кој премиерот и партиски лидер Христијан Мицкоски се очекува да биде реизбран за трет мандат, во момент кога аналитичарите не предвидуваат промени во политичкиот курс на владејачката партија.

Партијата најави дека конгресот ќе означи „ново поглавје“ во политиките насочени кон стабилност и предвидливо владеење. Мицкоски, кој води цврста линија против уставните измени поврзани со евроинтеграциите, според DW ќе го зацврсти влијанието во партијата по третата потврда на лидерската функција.

Политикологот Бојана Наумовска изјави за DW дека ветувањата за владеење на правото, судските реформи и борбата против корупцијата „не се исполнети“ во првите 18 месеци од мандатот, предупредувајќи на можна ерозија на довербата кон партијата.

Во фокусот на обраќањето на Мицкоски ќе биде стратешкиот документ „Македонија 2030“, кој, според партијата, ги дефинира приоритетите за идниот развој. Настанот го следат околу 2.600 учесници, меѓу кои 850–860 делегати и повеќе од 1.700 гости.

Поранешниот пратеник Александар Талевски изјави за DW дека ВМРО-ДПМНЕ „е без идеологија и визија“ и дека не очекува нови политички идеи. Тој оцени дека партијата е во „дисконитуитет“ со својата идеолошка основа од деведесеттите години.

Мицкоски е под силен притисок од европските партнери да го поддржи внесувањето на Бугарите во Уставот, но на конгресот се очекува поддршка за одбивање на такви промени. Не е јасно дали сестринските партии од странство ќе го поддржат или ќе го охрабрат да ја деблокира евроинтеграцијата.

Мицкоски повторно е единствен кандидат за лидерската функција. Според Наумовска, резултатите од минатогодишните избори ја зацврстија неговата позиција и ја намалија можноста за појава на конкурент.

Како можен иден наследник во партијата, DW го наведува градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој неофицијално се смета за домаќин на конгресот.

Партијата најави продолжување на фокусот на здравството, образованието и јавните услуги, додека критичарите предупредуваат дека внатрепартиската демократија е ограничена, а просторот за кадровско подмладување – мал.

 

 

Related posts

Рубио, кој беше под кинески санкции, патува во Кина со Трамп

admin

ОСМАНИ: НИТУ ЕДНА ВЛАДА, НИТУ ЕДНО ОПШТЕСТВО, НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ ЗАКОЧЕНИ ДОЛГОРОЧНИ ЕУ-ПЕРСПЕКТИВИ

ninja

Незири: Албанците имаа конструктивна улога во процесот со Бугарија

ninja

Нов удар за Кина: Најголемиот производител на електрични автомобили на црна листа на САД

admin

Треба ли ревизија на „недела неработен ден“?

admin

Таравари под притисок – коалициските партнери бараат одлука: со Влен или со ДУИ

admin