24.8 C
Скопје
19 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: Стигнавме до 10 партии, не знам веќе кој за кого работи

Претседателот на АзА, Арбен Тарвари, го критикуваше отворањето на нови албански политички партии во земјата. Тој за ТВ21 изјави дека не е против конкуренцијата, туку дека треба да има сериозност, пренесува Инбокс7.

„Станавме 10 партии, станавме циркуз. Одвојувајќи се постојано сега не знам веќе ни кој за кого работи“, рече Тарвари.

Тој ги коментираше обвинувањата на Движењето Беса, Алтернатива и ДД дека не инсистирале да ги тргнат „20%“ во предлогот за уставни измени. Тарвари вели дека сите гласале за рамката во која „20%“ не биле отстранети.

„Сега излегува Фадил Зендели и покажува како Алијансата не го вклучила (предлогот за замена на 20% со Албанци). Да му кажам и на Зеќирија Ибрахими дека не престанува: Зеко, лани требаше да им кажеш, 3 пратеници или 4 пратеници, тогаш ги имаше, беше во Влада. Требаше да им кажеш да не гласајте за оваа рамка, ќе си излеземе од владата, затоа што гласате за рамка каде што не се предвидени измени за „20 проценти“. Или за Изет Меџит, тогаш, односно на 17 август 2022 година, требаше да кренете рака во Собрание“, рече Таравари.

 

Related posts

Мерц и Шолц: Пакт против миграцијата во Германија?

admin

Ангелов може да ја напушти владата на СДСМ и ДУИ

admin

Академик Беџети за Инбокс7: Ако платите и пензиите не се зголемуваат на ниво на инфлација, социјалната ситуација уште повеќе ќе се влошува

admin

Од меѓупартиски обвинувања до внатрепартиски раздори за уставните измени

admin

СДСМ: ДУИ покажа одговорност, на потег е ВМРО-ДПМНЕ

admin

Централно место во снабдување со гас на Централна Европа

admin