27.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

ФОТО Тешка сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, има и загинати

Тешка сообраќајна несреќ се случи утрово патот Росоман – Прилеп во близина на Камен дол, јави кавадаречката телевиѕија КТВ, пренесува Инбокс7. Двајца починати и тројца тешко повредени е билансот од оваа тешката сообраќајна несреќа.
„Во сообраќајката учествувале четири возила. Интервенираа три екипи на итната медицинска помош Кавадарци“, изјавил за КТВ д-р Ратко Грков, началник на брзата помош. „Кај две лица лекарите констатираа смрт на самото место, а тројца повредени беа транспортирани во Општа болница Кавадарци, од каде се препратени во клиничкиот центар“ .
Поради сериозното оштетување на возилата во извлекување на повредените интервенирала и противпожарната единица од Кавадарци.

 

МВР излезе со соопштение за несреќата.

„Утринава  околу 06.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе.“

 

„Малку подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата.“

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Додека, со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци“, информираат од МВР.

Related posts

Мицкоски по средбата со Ескобар: Само брзи предвремени избори

admin

Велика Британија подготвува носач на авиони за можно распоредување на Блискиот Исток

admin

Крај за Орбан? Новата власт во Унгарија подготви уставен удар

admin

Ќе паѓаат цените на основните производи

ninja

Вучиќ за инает не го менува Вулин, санкциониран од САД и обвинет за врски со организиран криминал

admin

Италија и Бугарија ја блокираат ЕУ: Санкциите против патријархот Кирил под знак прашалник

admin