18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ: И СДС и Димовски признаваат дека Мицкоски бил следен во изборни циклуси

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивните информации, и Социјалдемократскиот сојуз (СДС) и поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, признале дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушкуван претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на Мицкоски, новинари и бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и поранешниот нивен директор признаваат дека имало следење и прислушкување на критички настроени личности“, се наведува во соопштението на партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Димовски признал дека во период на изборни циклуси било проценето дека следењето на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција било „неопходно“, при што, како што се тврди, биле следени и членови на семејството на Мицкоски.

Партијата истакнува дека безбедносните служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, биле користени како алатка за политички притисок на СДС, а главен извршител бил Димовски. ВМРО-ДПМНЕ повикува јавна изјава од него и истрага за одговорност.

„Ова следење и прислушкување не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев и инволвираност на Јавното обвинителство и Врховниот суд“, се додава во соопштението.

Според премиерот, не е прашање дали материјалите ќе се декласифицираат, тука прашање е како да се спречи ваквата злоупотреба и повеќе да не се повтори.

„За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот поврзан со мене, а богами и со моето семејство. Ајде разбирам јас, ама децата?! И тука сакам да подвлечам: не е прашањето дали ќе се декласифицираат материјалите-тоа е сосема ирелевантно и на таквите работи гледам како на страв и паника на оние кои повикуваат на такво нешто, и како на изговор за дефокусирање од вистинските дилеми“, рече Мицкоски во обраќањето по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Осврнувајќи се на случајот со прислушкувањето, тој рече дека се следи и прислушкува од 90-тите години и една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до некоја мината власт, оперираат со системот. „Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем“, оцени премиерот.  Според него, вистинското прашање е како да се спречат злоупотребите и повеќе ова да не се повтори.

„Тоа ќе се случи само и само кога ќе има одговорност. А, одговорност мора да има. Сите материјали од институциите и сознанија за незаконското следење се предадени на обвинителството. Ги знаеме нивните слаби капацитети и за жал ниската доверба во нив, но овој случај ќе го следиме одблиску и само да знаат дека оваа работа нема да се стави под тепих“, рече Мицкоски.

Related posts

Раскол во АзА, Рашиди контра Села: Неодговорно е од сега да се каже како партијата ќе оди на избори

admin

Што да очекуваме од првиот состанок на Пит Хегсет во НАТО?

admin

Вучиќ со јасна порака до Зеленски: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, нема „но“

admin

Мицкоски на средба со Касаноф: Американска поддршка за Македонија и приоритети за иднината

admin

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ дефокусира поради наводни врски со санкциониран бизнисмен

admin

Истрагата за трагедијата во Кочани: Опозицијата обвинува за политичка манипулација

admin