31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ: Изборите во северно Косово се окупациски

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече „окупациски“ изборите на северот на Косово. За време на комеморацијата на Денот на сеќавање на жртвите од Јасеновац, Вучиќ рече дека власта на северот на Косово има намера да ја воспостават оние кои, како што наведе, не живеат на северот на Косово и нема, како што оцени, да добијат ниту еден или два отсто од гласовите.

„До овој момент само неколку Срби излегоа заедно во четири општини. Србите нема да им служат на туѓите интереси. Тие сакаат да им служат на своите интереси, сакаат мир, но сакаат и да се борат за интересите на својот народ. “, изјави Вучиќ.

Во четири општини на северот на Косово, Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, каде живее мнозинство српско население, денеска се одржуваат вонредни локални избори, откако во ноември минатата година, градоначалниците од Српската листа поднесоа оставки.

Српска листа одби да учествува на изборите со образложение дека не се исполнети нивните услови за враќање во косовските институции – формирање Заедница на општини со српско мнозинство и повлекување на специјалните единици на Косово од општините на северот.

Related posts

Украинската амбасада повика, но македонското МНР потсетува: Учеството во странска војска е кривично дело

ninja

Украина жестоко го нападна Моди: Поддржа лага на Путин

admin

Израел ги бомбардира Газа и Либан, Нетанјаху составува воен кабинет

admin

Новогодишен хаос во Скопје: Дете во критична состојба, убиство во чаршија

admin

Предвремени избори на повидок? Политичката сцена зовре по изјавата на премиерот

admin

„Не е изненадување“ – ЗНАМ со порака по одлуката на Цеков

admin