10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Реакции од „внатрешни лица“ – Дали новиот мандат на Али Ахмети носи вистинска реформа или само шоу?

Петтиот конгрес на Движењето за демократска интеграција (ДУИ) предизвика низа реакции од поранешни функционери и јавни личности, истакнувајќи сомнежи за суштината на прогласените реформи и процесот на донесување одлуки во водечката албанска партија во Северна Македонија.

Фестим Халили, поранешен директор на Фондот за иновации и технологии (ФИТР), го гледа новиот мандат на претседателот Али Ахмети како можност за политичка и морална рефлексија. Халили посочува недостаток на меритократија во партијата, нагласувајќи дека години наназад, индивидуи со вистински придонес биле исклучувани од процесите на донесување одлуки, додека лица без меритократска тежина напредувале во клучни позиции. Тој истакнува дека само внатрешна корекција може да го врати јавниот кредибилитет и да создаде политичка визија која навистина служи на општеството.

Абдуселам Селами, поранешен директор, ја сумира својата реакција кратко: „Газете, газете, газете, ќе најдете! Но народот добро чита и никогаш не греши.“

Валмир Азири, поранешен државен секретар во Министерството за култура, остро го критикува процесот на конгресот, опишувајќи го како „затворен ритуал“ каде новите позиции не се резултат на демократски процес, туку последица на внатрешен ротациски механизам кој се продава како реформа. Тој истакнува дека менувањето на имињата и позициите не создава доверба, напротив, ја продлабочува сомнежноста околу вистинските намери на партијата. Според него, вистинската доверба се раѓа само преку реална одговорност, прифаќање на грешки и искрени реформи.

Според Рами Мислими, сопственик на порталот „ТетоваСот“, критичарите на конгресот се доживотните функсионери кои ја поддржуваат партијата само ако се некаде назначани. Тој оценува дека реформата е „предлог за храбра и визионерска политика“ и претставува историски преседан не само за албанските партии во Северна Македонија, туку и за регионот. Тој оценува дека менувањата од над 80% во раководните структури на партијата покажуваат решителност за долгогодишно зацврстување на позицијата на ДУИ.

„Тајната на вистинската реформа е во меритократијата и храброста, кои се покажуваат кога не сте на листата, но сепак го поддржувате решението“, пишува Мислими, додавајќи дека реформата ја утврдува иднината на ДУИ за следните 20 години и ја поставува партијата како сериозна политичка сила способна да управува со државни процеси и да ја води земјата кон Европската унија.

Според Мислими, конгресот ја зацврстил позицијата на Ахмети како „голем лидер, со визија и исклучителна храброст“, отворајќи пат за потенцијална победа на следните избори.  Денешните критичари, вели тој, ќе се соочат со сопствената реакција односно со историската референца за реформите.

 

Related posts

Рокас: Политичките сили да се обединат за уставните измени

admin

Титоизам за секаква употреба против РСМ

admin

Македонска „храна“ за бугарските наративи

admin

Една улица што некогаш ја запали Северна Ирска: По 28 години повторно маршира Портокаловиот ред

admin

Проширена “црната листа” на САД – Самсоненко ќе му прави друштво на Камчев

admin

Кина го вознемири Пацификот: Албанезе бара заеднички одговор

admin