10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Левица купила имот во центарот на Скопје по 700 евра за квадрат, Мицкоски бара истрага

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, се најде под лупа откако беше обелоденето дека партијата купила деловен простор во центарот на Скопје по цена значително пониска од пазарната.

Според премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на пратеничко прашање на Апасиев во Собранието, Левица купила 409 квадратни метри деловен простор за 295.000 евра, односно по цена од 721 евро за квадрат, преку Универзална инвестициска банка. Тој изрази сомнеж за можна злоупотреба во процесот на купопродажба.

„Градот Скопје пресметал дека квадратен метар чини 1.150 евра, што значи дека сте платиле данок во вредност од 739.285 денари. Ќе видиме што ќе кажат надлежните институции,“ изјави Мицкоски.

Апасиев, пак, негираше каква било нерегуларност, истакнувајќи дека имотот вклучува подрумски простории, што според него ја објаснува ниската цена.

„Ние купивме подрумски простории со приземје, ете затоа е толкава сумата,“ рече Апасиев без да даде дополнителни објаснувања за финансиските средства со кои е извршена трансакцијата.

Мицкоски додаде дека очекува истражните органи да ја испитаат зделката, нагласувајќи дека „со криминалците нема играње, без разлика од која политичка партија доаѓаат.“

Апасиев изрази незадоволство од одговорот, обвинувајќи ја Владата за селективен пристап во истрагите, но не даде конкретни одговори на прашањата околу финансирањето на купопродажбата.

“Ти го прашуваш за ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА и пропустите во истрагата за Кочани, он ти враќа вака”, напиша Апасиев на неговиот Фејсбук профил.

 

Related posts

Меџити со оштри критики кон ДУИ: Се откажаа и од Албанците

admin

ДУИ молчи за исклучувањето на ограноците на Чаир и Сарај, Меџити: партијата е во анархија

admin

Конгресот го усвои првиот закон на Трамп за апсење имигранти

admin

Универзитетот и бизнисот на едно место – нови можности за студентите

admin

Екстрадиција во сенка на скандал? Груевски отвора нов фронт

admin

Фолксваген укинува 35.000 работни места, погоните остануваат

admin