12.8 C
Скопје
8 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Османи смирува: Изјавата на Макрон е погрешно разбрана

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, вели дека изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон на прво читање звучи како да е демантирање на претходната изјава на Шарл Мишел, но, според него, воошто не е така.

На денешната прес-конференција Османи информираше дека во Блед биле неговата министерка за европски прашања Лоренс Бун, која претходно била и во Скопје, бил и Александар Адам, кој беше негов советник и креатор на францускиот предлог и тие го увериле дека Макрон зборувал за брзини во смисла дека нема да влезат сите наеднаш.

„Мацрон зборува за различни брзини во зависност кој кога ќе биде подготвен, а не Европа во слоеви, во смисла на привилегирани и помалку привилегирани бидејќи ние нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во Европската Унија“, изјави Османи.

„Јас имав состанок и ги прашав зошто две наизглед контрадикторни изјави меѓу двајца важни лидери на Европската Унија. Одговорот беше дека Макрон не мислел на слоеви, туку на брзини. Дека ако Македонија е подготвена може да стане членка и пред 2030 година, дека нема ан-блок да влезат сите земји. Ако е така, а јас ѝ верувам на француска министерка за Европа. Доколку не демантира, тоа е друго прашање, засега мислам дека треба да сме задоволни со изјавата на Шарл Мишел и тоа треба да ни биде точка водилка“, додаде Османи.

Француската министерка за Европа, Лоренс Бун, кажа дека проширување на ЕУ може да се случи и пред 2030 година.

„Сега сме 27 земји, а можеби ќе бидеме и повеќе од 35 најбрзо што може. Знам дека Шарл Мишел рече 2030 г., но дури можеби и порано. Но, она што ни треба е да се реформираме себеси. Но, и земјите кандидати да се реформираат. Можеби не го правевме тоа многу добро во минатото, можеби треба да сме повеќе инволвирани, да помагаме повеќе, да сме подинамични во процесот на проширување за да избегнеме замореност и да ги направиме придобивките од идното членство во ЕУ поопипливи за земјите кандидати. Мислам дека тоа се нашите задачи“, рече вчера Бун. /Инбокс7

 

Related posts

ДУИ контра Пендаровски за казината

admin

Руска „остра моќ“ во Македонија по инвазијата врз Украина: Од зборови на дела

admin

Мицковски се сретна со Гир

admin

Палевски барал државен референдум

admin

Кампања пред кампања – полни усти (не)реални ветувања

admin

По обуката со Ф-35 пилотите изгледаат како да имаат 100 години

admin