21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Харадинај до Албанците во С. Македонија: Не му верувајте на Курти

Поранешниот косовски премиер, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај им порача на Албанците во Северна Македонија да не му веруваат на актуелниот косовски премиер, Албин Курти, кој вчера, за време на престојот во Севрна Македонија, вети дека ќе започне со изградба на патот од Призрен во Косово до Тетово во Северна Македонија, јави МИА од Приштина.

Курти, кој вчера престојуваше во скопската општина Чаир на церемонијата на именувањето на една улица со името на косовскиот деец и активист за човекови права, Адем Демачи, а подоцна ја посети и општина Тетово, каде што одржа собир со граѓани, изјави дека работите за изградба на патот Тетово-Призрен неоправдано доцна и побара тие да започнат што поскоро.

Харадинај на неговата страница на Фејксбук напиша дека Курти се обидел да ги измами и Албанците во Албанија, но таму „не му поверуваа и го избркаа“.

„Почитувани сонародници Албанци во Северна Македонија. Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Во Косово ги блокира сите патишта и проекти, вклучително патот за Плав (во Црна Гора). Откако не може веќе да ги лаже Косоварите, дошол да ве лаже вас, за патот Тетово-Призрен. И во Албанија се обиде исто, но не му поверуваа и го избркаа. Немојте ни вие да станете жртви на неговите измами“, рече Харадинај, пренесе МИА.

Курти за време на посетата не се сретна со претставници на власта во Северна Македонија.

Related posts

Мицкоски си ја цементира моќта: Што се криe зад третиот мандат?

admin

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

admin

Мерц: Европа мора да ја преземе сопствената одбрана, Германија признава дека се „шверцувала“

admin

С Македонија едвај над 2%: НАТО ги откри „шампионите“ и „заостанатите“ во одбраната

admin

Мицкоски: Доколку Никола Груевски се појави во Македонија, ќе оди во затвор

admin

ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА 518 КОМПАНИИ, УЧИЛИШТА И ИНСТИТУЦИИ

ninja