21.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Макрон ги потврди нашите ставови

ВМРО-ДПМНЕ ја оцени изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, како потврда за нивниот став дека не треба да се избрза со уставните измени, пренесува Инбокс7.

„Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги испопни“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред еден ден Макрон изјави дека дека ЕУ прво треба да се рефомира, па да прима нови членки со различни брзини.

Многу дилеми отвори изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“, откако претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел им порача на земјите од Западен Балкан дека проширување на ЕУ ќе има до 2030.

Макрон одржаа речиси двочасовен говор по годишниот состанок со француските амбасадори во кој опфати и повеќе важни теми за Унијата, а зборуваше и за неопходните реформи кои треба да се направат пред да се случи процесот на нејзино проширување.

„Ризично е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки, со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и „Европа со повеќе брзини“, рече Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори.

 

Related posts

Академик Беџети за Инбокс7: Ако платите и пензиите не се зголемуваат на ниво на инфлација, социјалната ситуација уште повеќе ќе се влошува

admin

Јовески повикува на истрајност во борбата против криминалот

admin

И ХОЛОКАУСТОТ ПОВОД ЗА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКИ ТЕНЗИИ

ninja

ВЕТИНГ ТРЕБА, АМА КОЈ ДА ГО НАПРАВИ?

ninja

Спасовски: Процесот е прашање на институции, не на поединец

admin

Згреши ли Фрчкоски со воздржаниот глас во ОН?

admin