19.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Османи: Целиме до ноември, но за уставните измени ќе работиме до крајот на мандатот

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, е оптимист дека уставните измени ќе бидат донесени и дека првичната цел на Владата и била до ноември, но дека реалниот рок е последниот ден од мандатот на овој Парламент, пренесува Инбокс7. 

Во интервју за Телевизија Сител тој вели дека првична цел на владата е до ноември бидејќи тогаш има еден административен календар заради скринингот.  Меѓутоа, додава тој, реалниот рок е последниот ден односно мандатот на овој Парламент, значи до наредните избори.

“И до последниот ден ние ќе работиме да обезбедиме поддршка, сметајќи дека нема аргументи против. Мислам дека оваа прва битка ние ја добивме. Како предлагачи ја добивме затоа што не видовме отпор од експерстката јавност, од која било јавност во однос на содржината на уставните измени. Да излезе некој и да каже чекајте ова е опасно поради тоа што икс, ипсилон работи ќе се случат…,”, рече Османи во Дневникот на Сител.

Според Османи, аргументи против уставните измени нема и ова е, пред се, калкулација за наредните избори во опозициската партија (ВМРО-ДПМНЕ).

“Вие мислите дека они не знаат дека ова е добро”, рече Османи негирајќи дека ДУИ исто така прават калкулации со изборите бидејќи поднеле оставки за овој процес.

Во однос на тоа дали потребата за носење на уставните измени ќе биде донесена на седницата што ќе започне на 18 август, Османи вели дека сега се е во рацете на претседателот на Парламентот.

“Сепак се е во рацете на спикерот и он ќе одлучи врз основа на Деловникот и координациите што ги прави со пратеничките групи. Врз основа на тоа што тој го кажа е дека откако ќе се исцрпи расправата ќе почека за гласање со цел да се разговара со политичките партии”, изјави министерот за надворешни работи.

Запрашан за посетата на косовскиот премир Албин Курти кој ќе има средба со претставници на албанската опозиција, Османи рече дека за тоа нема официјална информација.

“Ние немаме официјална информација дека тој ќе дојде. Гледаме по социјалните мрежи дека има некоја партиска комуникација, така што навистина немам информации”, рече Османи.

Related posts

Лидерска средба, какви барања ќе испорачува Мицкоски?

admin

Викал „Алаху Акбар“ додека се обидувал да ја отвори вратата од авионот среде летот

admin

САД спрема санкции против владата на Косово

admin

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ НЕМА КОЈ ДА ИЗМЕСИ ЛЕБ И БУРЕК

ninja

ОТВОРЕНА РЕЗЕРВА КОН „ОТВОРЕН БАЛКАН“

ninja

Битката за уставни измени може да трае до редовните избори

admin