12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Разбиена група на крадци, приведен е еден член

Полицијата изврши претреси во Скопје, при што е приведено едно лице, дел од криминална група која изврши тешка кражба на 25 јули оваа година.

„По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје открија криминална група која на 25.07.2023 изврши тешка кражба во дом на ул.„Ловќенска“, при што беше одземен сеф. Имено, по преземени мерки е констатирано дека тие со употреба на сила и подесен алат влегле во домот и го извршиле делото. По консултација со јавен обвинител и по добиена судска наредба извршен е претрес на неколку локации на подрачјето на Чаир и Никиштани, скопско, при што биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело. Притоа, од слобода бил лишен А.М.(24) од Никиштани, додека за останатите лица кои го извршиле делото се распишани расписи. По комплетно документирање на сите докази, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 236 од Кривичниот законик“, соопштува МВР.

Related posts

Му влегле во куќата, физички го нападнале и му ги одзеле парите

admin

Приведен крадец од Скопје, бил баран со потерница

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin

Приведен 66-годишник од Скопје, бил баран со централна потерница

admin

Приведен вдлешанец: Откако му најдоа кеш, се обидел да ги поткупи полицајците

admin

Приведен малолетник, се обидел да одземе паричник од жена

admin