9.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

АзА: Мицкоски го рехабилитира и амнестира криминалот

Средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со бившата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и објавувањето на фотографијата од настанот поттикна остра реакција на Алијанса за Албанците (АзА) на Арбен Таравари, пренесува Инбокс7.

Според АзА, ВМРО-ДПМНЕ го легализираат и рехабилитираат политичкиот и институционалниот криминал како политичка жртва.

“Алијансата за Албанците најостро го осудува обидот на Христјан Мицковски и ДПМНЕ за амнестија и рехабилитација на криминалци кои во моментов издржуваат затворски казни. Тоа што ВМРО никогаш не најде сила да се извини за мрачното минато и да се огради од тој период, покажува дека и нивната иднина останува криминал и мрак, а во овие регресивни акции партнери се и некои мизерни Албанци.”

“Јавно ги прашуваме Мицкоски и опозицијата, дали оваа слика значи дека планирате враќање во политиката на сите криминалци осудени со правосилни пресуди за криминал и злоупотреба на власта во минатото? Дали ова е причината за спротивставување и блокирање на европската иднина на земјата, која ќе донесе и правда и праведна борба против криминалот и корупцијата?”, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Реакцијата доаѓа по објавувањето на фотографијата од средбата од страна на Мицкоски, каде напиша: “Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!”

Related posts

ЕУ (не) ги отфрли барањата на превозниците од Западен Балкан

admin

Околу 200 илјади луѓе ни работат, ни бараат работа

ninja

Една година од трагедијата во Кочани: Во „Алејата на ангелите“ не сакаат да ги пуштат своите деца

admin

Кој ќе го наследи Трамп? Во игра се појави уште едно моќно име

admin

Караваните ќе стивнат, избирачите ќе земат збор

admin

САД и Украина го разгледуваат клучниот договор за ретките минерали

admin