11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Средба Османи-Гутереш: Посветени да работиме заедно со ОН

Во рамки на 78 заседание на Обединетите нации, шефот на дипломатијата Бујар Османи, заедно со Претседателот Стево Пендаровски, се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Теми на состанокот биле ангажманот на ОН во Северна Македонија преку бројните програми за поддршката на споведувањето на реформската агенда за пристапувањето во ЕУ.

“Заедно работиме на промовирање на добро владеење, борба против корупцијата, реформирање на судството и зајакнување на социјалната кохезија. Владата е посветена на овие процеси што ќе значат подобар живот за граѓаните преку законски подобрувања и поодговорни институции”, вели Османи.

“Ја потврдив непоколебливата посветеност на Северна Македонија за одржлив мултилатерализмот и клучната улога што ООН ја има во справувањето со глобалните предизвици. Ќе продолжиме да работиме со сите засегнати страни на зајакнување на меѓународниот мир и безбедност, почитување на човековите права и многу други витални глобални прашања.”

 

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС дозволија Курти да прогласи “косовски пашалак”

admin

Проект „филмски студија и технолошки парк“: Заев дал поддршка уште во 2019та, Амбасадата на САД ја следи можната инвестиција

admin

Тивка средба на експертските групи од Скопје и Софија

admin

„Најди ме“ како засилување на институциите – Како функционира првата страница за рано предупредување за исчезнати?

admin

ЗОШТО АНКЕТИТЕ ГО ВРАТИЈА ГРУЕВСКИ НА „БЕЛ КОЊ“?

ninja

Ова е најсофистицираниот вирус за шпионажа

admin