4 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВИДЕО Али Ахмети: Уставните измени ќе поминат, можна предизборна коалиција со СДСМ

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вели дека уставни измени ќе има, а најавува и широка коалиција на сите албански партии со СДСМ. Во интервју за ТВ21 порача дека е сигурен во уставните измени, но не кажа точен датум, пренесува Инбокс7.

 

„Јас сум секогаш оптимист. Дали некогаш сум звучел песимистички? Колку години ме следите во политиката? Дали се согласувате дека се што сум рекол досега се реализирало? Дали има нешто што сум рекол а не испаднало така? Еве сега ви кажувам, уставни измени ќе има! Не треба да седиме на два стола, не треба да сме песимисти, не треба да сме разочарани, ние сме во залет, ќе ги поминеме сите пречки до зачленувањето во ЕУ. Нема назад!“, вели Ахмети.

Ахмети иако не кажува датум, додава дека кога ќе биде продолжена седницата за уставни измени, на истата ќе бидат изгласани измените.

„Еве ви кажувам ексклузивно, но не ви кажувам датум. Собраниската дебата е завршена. Потребно е да се свика седница за гласање, не ви кажувам кога, но во моментот кога ќе биде свикана седницата ќе се гласа. Кога? Дебата е затворена, Собранието ќе свика наредна седница, само за гласање, рокот за тоа е до пред парламентарните избори. Сега дали ќе има 80 или 120 незнам, јас сакам да има 80 пратеници, Ковачевски сака да гласаат сите 120 пратеници ЗА“, вели Ахмети.

Во овој контекст Ахмети има и порака за Мицкоски: „Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата. Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ, кај нас бегаат младите, ако Мицкоски, Ковачевски, Ахмети, Тачи, Таравари сакаат да останат сами во Македонија и да гласаат меѓу себе, тогаш нема да гласаат за уставните, и луѓето ќе ни избегат од државата“.

Ахмети вели дека нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за измените на Кривичниот законик, а исто така нема врска со амнестија на ниту еден функционер. Според него, измените се направени за да има функционална држава и функционално судство.

„Кривичниот законик не е прогласување амнестија. Амнестијата има друг карактер, додека кривичниот законик и измените што се направени се сосема друга работа. Кривичниот законик, кој го менуваме, е фосилен остаток од југословенскиот режим. Да се ​​пролонгираат истрагите, да се држат луѓето под истрага шест, осум години… И целиот законик, промената што беше направена е направена за да има функционална држава и функционално судство. Да не се држи човек под истрага шест години и потоа да се ослободи како невин“, вели Али Ахмети.

Тој вели дека сеуште не е решено дали парламентарните и претседателските избори ќе бидат на ист ден.

„Ова е прашање за кое дискутираме дали ќе одиме на претседателски избори сега со парламентарните избори но тоа е прашање што треба да се дискутира од сите политички партии, има поделени мислења, некои мислат дека заедно треба да бидат, други мислат дека треба да има претседателски избори па после да одиме на парламентарни избори. Два месеци има разлика. Ова е прашање што се дебатира и прашање за кое нема поларизација туку има конструктивна дебата“, порача Ахмети.

Тој вели дека има желба сите албански партии заедно со СДСМ да одат на заеднички листи на претстојните парламентарни избори. Ахмети вели дека тоа е целта и на европскиот фронт, но во секој случај секоја партија има своја автономија.

Related posts

Корупцијата ја уназадува дигитализацијата на јавната администрација

admin

ЕСКОБАР:КОСОВО И СРБИЈА ДА ГО СЛЕДАТ ПРИМЕРОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА

ninja

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

admin

Ковачевски – Брнабиќ: Засилена соработка за иницијативата Отворен Балкан, деблокирање на евроинтеграциите

ninja

ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШТАЈНМАЈЕР ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja

Дали уставните измени стануваат меѓуетнички проблем?

admin