6.8 C
Скопје
11 ноември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

“Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината”

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на панел-дискусија посветена на штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи, која ја организираше НВО Нексус – граѓански концепт, под покровителство на НАТО Девизијата за јавна дипломатија, пренесува Инбокс7.

На форумот насловен „Дезинформациите и руската агресија во Украина: закани, импликации и како да се спротивставиме на лажните и погрешни содржини во Западен Балкан со фокус на Северна Македонија“, министерката Петровска се осврна на новата реалност во која денес на европско тло една европска суверена, независна и демократска земја е конвенционално нападната, а останатите се соочени со канонада на лажни и извртени информации чија основна цел е да ја поткопаат довербата во институциите, довербата во општеството во целина и кај граѓаните да предизвикаат чувство на страв и неизвесност.

„Дезинформациските текови во Западен Балкан укажуваат на поврзаноста меѓу странските штетни влијанија и домашните актери кои користат дезинформациски наративи чија цел е дестабилизација на регионот и попречување на европските и евроатлантските интеграции на државите од Западен Балкан. Дезинформациите не се само медиумски проблем, тие се и безбедносен проблем“, рече министерката.

Најдобар одговор на лажните вести и дезинформациите, порача министерката, се транспарентноста и вистината, како и зацврстувањето на демократијата, владеењето на правото и јакнењето на довербата во институциите на државата.

„Во борбата со дезинформациите нема подобар одговор од транспарентноста и вистината. Нашето општество мора да функционира како еден организам, подготвен и способен да ги одврати дезинформациите. Мора цврсто да веруваме во нашата демократија и владеењето на правото, да бидеме отворени и искрени во создавањето општество засновано на правата и одговорностите на секој поединец. Мора да продолжиме да градиме едно општество за сите и мораме да бидеме подготвени и спремни да ги прифатиме нашите различности, бидејќи тие нè прават посилни“, порача министерката.

Петровска истакна дека Министерството за одбрана е во првите редови во борбата за вистината како најтранспарентна институција во државата заедно со Владата.

Афродита Муслиу од Нексус рече дека нашето општество, покрај предизвиците со кои се соочува на планот на Владеењето на правото и справувањето со корупцијата, заради ниската свест и безбедносна култура се повеќе е изложено на медиумско – пропагандно делување кое доаѓа од авторитарни режими.

“Руската пропаганда во поширокиот регион на Западен Балкан е силно присутна во изминативе 10 години но, со започнувањето на инвазијата врз Украина доби агресивен пристап со регионална димензија.”, истакна таа.

Според Муслиу, слабата институционална отпорност кон напливот на дезинформации, неточни вести и спинови не прави ранливи и лесно склони кон надворешни влијанија и внатрешна поларизација, која има за цел да створи конфузија и недоверба кон владата, кон западните вредности и да го зголеми евроскептицизмот.

Дел од форумот беа и професорот Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО, професорот Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност, уредникот и новинар Васко Попетревски и Ненад Марковиќ, член на Советот за безбедност и универзитетски професор.

Гости на конференцијата беа и делегација од Украина, предводени од српскиот активист и бивш пратеник, Ненад Чанак.

Related posts

САД се блиску до договор со Израел и Хамас за да го прекинат конфликтот, да ослободат некои заложници

admin

Од 2018 С.Македонија протерала 17 руски дипломати

admin

Европскиот фронт гледа скандали, понижување и неуспеси во првите 100 дена на владата на Мицкоски

admin

Дезинформациите ги подгреваат климатските промени

admin

Ангелов: Нови ер-трактори се поевтини од штетата од пожарите

admin

Претседателските избори во САД во рацете на гласачите – Харис и Трамп се натпреваруваат за Белата куќа

admin