26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНСВЕТ

Кос против идејата на Вучиќ и Рама: Нема „лесно“ членство во ЕУ, или си полноправен член или не си

Европската комесарка за проширување Марта Кос ја отфрли идејата за делумно членство во Европската Унија, нагласувајќи дека процесот на пристапување мора да заврши со полноправно членство.

Нејзината реакција следи по писмо испратено од српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, во кое се предлага модел на членство без право на глас, како можен компромис во услови на застој во процесот на проширување.

Во изјава за меѓународни аналитичари, Кос рече дека не поддржува иницијативи што предвидуваат ограничени права за новите членки, како алтернатива на целосното интегрирање во Унијата.

„Принципот е јасен – или државата ги исполнува условите и станува член со сите права, или не е член,“ порача таа.

Нејзините коментари доаѓаат во контекст на предлози од регионални лидери за пофлексибилен пристап кон проширувањето, во услови кога процесот се соочува со политички блокади и забавување.

Кос призна дека ваквите идеи се појавуваат како одговор на застојот во проширувањето, но нагласи дека нејзината улога е да им помогне на земјите кандидати да ги исполнат критериумите за целосно членство, а не да се воведуваат „половични решенија“.

Во однос на Западен Балкан, таа посочи дека напредокот зависи исклучиво од реформите, оставајќи отворена можност некои земји да напредуваат побрзо од други.

Кос додаде дека постојат реални шанси Црна Гора да стане следна членка на ЕУ доколку го задржи темпото на реформи, додека и други земји од регионот би можеле да напредуваат во наредните години доколку ги исполнат условите.

Проширувањето останува процес базиран на заслуги, без однапред утврдени рокови, подвлече таа.

Related posts

Следната недела ќе има нови цени на горивата

admin

Го критикуваат Скопје за она што сами го прават – лобираат

admin

Предизборна трка во Гостивар: ВРЕДИ и НАИ ги мобилизираат своите бази пред повторените локални избори

admin

Бој Џорџ испадна, Израел предизвика најмногу реакции на Евровизија

admin

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РАСТАТ – ИНТЕРЕСОТ СТАГНИРА

ninja

Села најави формирање нова партија „Албански сојуз“

admin