5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали Никола Груевски стои зад новата партија?

Бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со пост на Фејсбук ги демантираше информациите дека формира нова партија или пак во Будимпешта се сретнал со Артан Груби, јавува Инбокс7.

Тој вели дека Драги Митковски никогаш не му бил ниту формален, ниту неформален советник, поточно никогаш не побарал, ниту добил совет од него.

Информацијата за собирањето потписи за партијата на Данела Арсовска вели фека ја добил од медиумите и дека нема никаква комуникација, поврзаност или соработка со било кој од двајцата.

“Ова е демант на објавите на некои портали од кој видливо е дека имаат намера да направат конструкција очигледно излезена од една партиска кујна”, вели Груевски.

Тој признава дека со Драги Митковски живеел во исто маало како дете од седма до некаде околу петнаесет годишна возраст, по што околу две децении се немал ни случајна средба со него.

“Потоа неколку пати се сретнавме на годишен собир на некогашни деца од тоа исто маало, повеќето одамна иселени од таму, каде што секој со секого разговара и се фотографира и од каде имаме заеднички фотографии, и во неколку други случајни или спортски настани.”, вели Груевски.

Со Данела Арсовска вели дека имал отприлика 6-7 службени средби во време кога таа била претседател на ССК, а тој премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

“Од тогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту било каква соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и Драги Митковски, ниту пак тие се обиделе да побараат нешто такво.”, вели Груевски.

“Воедно ја користам приликата да демантирам дека во Будмпешта сум се сретнал со Артан Груби или со Максим Димитриевски. Артан Груби последен пат го сретнав во штабот ма ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски кој мислам дека е еден од неколкумина кои во изминатите денови добија од ист центар насока деновиве да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека било кога во животот сум го сретнал.”, вели Груевски.

На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ, – нагласува Груевски, – “им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општо корисни цели, заради кои и постојат и имаат некаква смисла, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип.”

Related posts

Што ќе донесе заедничката владина седница во Приштина?

admin

„БЕЛА ЧУМА“ ЈА ДЕСЕТКУВА МАКЕДОНИЈА

ninja

Енергетската криза „изеде“ една гасна централа

ninja

Новата љубов на Балканот кон ладењето ги тенки електричните мрежи

admin

Колку е пропорционален македонскиот изборен модел?

admin

Анализираат и стручни и нестручни лица! Колку долго ќе трае реконструкцијата на мостот „Беласица“?

admin