16.8 C
Скопје
11 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАХРОНИКА

Колку криминалци барани со потерница се шетаат низ земјата?

Полицијата во последните три дена уапси дури пет лица, за кои претходно била пуштена потреница или пак биле во отслужување на казна затвор.  

Како што соопшти МВР, вчера во 15.00 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Свети Николе, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик. „Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.“

Истиот ден, околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство. „На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.“

Ден пред тоа, се приведени двајца криминалци кои исто така биле барани со потервница.

„На 30.08.2023 во 12.40 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода Д.М.(38) од Кратово. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кратово за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 131 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.“

„Денеска (30.08.2023) во 14.50 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната“, се вели во соопштението на МВР.

Пред два дена, уште едно лице барано со потерница бил приведен во Скопје.

„Денеска (29.08.2023) околу 11.40 часот полициски службеници од Оперативен Тим и ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во с.Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од с.Грчец, баран со меѓународна потерница по наредба на ОЈО за ГОКК, а во врска со член 215 од КЗ на РСМ со определена мерка притвор во траење од 30 дена. Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило на МВР, но набргу бил совладан од полициски службеници и лишен од слобода. При тоа, кај него е пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка со 15 куршуми. И.М. ќе биде предаден на надлежното обвинителство“, се вели во соопштението на МВР. /Инбокс7

Related posts

“Моето сеќавање е добро, по ѓаволите”, гневно реагираше Бајден

admin

ВИДЕО Големо невреме од Хрватска пристигна во Србија

admin

Наследник на Трас: Сунак обезбеди поддршка за кандидатурата

ninja

Иран започна одмазднички напади против Израел

admin

Некогашната специјална обвинителка сега библиотекарка во “Идризово”

admin

Ахмети повика да не се повтори грешката од 2006 година

admin