Постои една листа од педесетина луѓе во случаи кои беа објавени од Зоран Заев со бомбите. Дел од тие луѓе во 2018 година и беа амнестирани за да гласаат во Собранието за Преспанскиот договор. Мислам дека откако се испроба можноста и власта и опозицијата да стигнат до консензус да се изгласа нешто што е многу горко за Македонците – и Преспанскиот договор и сега францускиот предлог. Ако не се случи првата варијанта, да се гласа на еден цивилизиран начин како за преземена обврска, тогаш на некој начин целта ги оправдува средствата кога станува збор за законот за амнестија. Ова може да звучи некоректно, но политичките партии оптоваруваат. За Преспанскиот договор имавме референдум и граѓаните требаше да излезат и да кажат што мислат и референдумот да успее. Но тоа не се случи се случи, како што рече Јоханес Хан, демократија на „балкански начин“, вели новинарот Џелал Незири во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
“Како може корупцијата да биде разбиена со ваков систем? Затоа ни треба Европа и затоа стремиме кон тој систем на вредности. Ако политичките партии не успеат на цивилизиран начин да дојдат до компромис, пак преостанува балканскиот начин”, вели Незири.
Точно е дека од страна на Министерството за правда се подготвува нов Закон за амнестија. Но тој закон е во работна верзија. За тој закон се дискутира во Влада, а ние како пратеници е неблагодарно сега да дискутираме оти не сме го виделе тој закон. Амнестијата како чин на милост не е нешто што се прави прв пат, но е запаметена по лошата постапка на експретседателот Иванов. Амнестијата треба да ја гледаме од аспект на нејзините цели и потреби односно зошто власта во одреден момент применува таков чин на милост за одредени прекршители. Мојот став е дека Груевски не треба да биде амнестиран, вели пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчова во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
– Има разлика меѓу Законот за амнестија и измените на Кривичниот законик. Со амнестија не се опфатени сторители на тешки кривични дела. Но, во овој момент не можеме да навлегуваме во тој нов закон за амнестија оти не сме го виделе. Ние имаме став што е она што мкже а што не може. Постојано се користи терминот носење закони на шверцерски начин со европско знаменце, но тоа не е во ред. Измените на членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службена должност во 90 отсто се однесуваат на усогласување со европското право, вели Калевска Ванчова.
Таа додава дека и Мицкоски се согласува со тоа ниеден функционер кој злоупотребил јавни средства да помине неказнето. Проблемот со членот 353 е неможноста да се докаже битието на кривичното дело, а има други ставови за кривични дела опфатени во Кривичниот законик со кои Обвинителството може да ги гони функционерите доколку обезбеди докази за сторено кривично дело. Не е исто командна одговорност и фактичка одговорност, но мора и да се утврдри намерата, додава Калевска Ванчева и истакнува дека сега е внесена проширената конфискација.
СДСМ направи една шверцерска варијанта за донесување закони. Така беше и со измените на Кривичниот законик кои не сакаше да ги потпише ни министерот за правда па имало тегнење. Политиките на СДСМ се поразни и сега се обидуваат со носење штетни закони донесени во Собранието на шверцерски начин може да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ. А гледаме дека ваквиот начин на носење закони е неприфатлив за институциите на ЕУ, а измените на КЗ ги критикуваше дури и министерката за добро владеење Славица Грковска. Како СДСМ ќе ги погледнат в очи оние кои извикуваа „Нема правда нема мир“ ако сега донесат закон за амнестија? Поради ова гражаните не веруваат во институциите. СДСМ сака да ги амнестира своите со кои ги добија изборите, вели Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
– И работната група која требаше да ги разгледува овие измени на Кривичниот законик не успеа да ги разгледа и се оградуваат од измените на Кривичниот законик. Злоупотребата на европското знаменце ја потврди и портпаролката на ЕК, Ана Писонеро токму за ТВ24 и рече дека ќе наштети на правниот систем. Освен тоа, ВМРО-ДПМНЕ не правеше кворум, туку позицијата имаше 63 пратеници па останавме за да гласаме против, вели Ристески.
Ристески вели дека е против Груевски да биде амнестиран, но смета дека луѓето од случајот 27 април треба да бидат судени по правична постапка а не вака во политички монтиран случај.
Видео: https://fb.watch/nb6JdtfRwy/?mibextid=Nif5oz