16.3 C
Скопје
17 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Од 2018 С.Македонија протерала 17 руски дипломати

Од 2018 година, кога Северна Македонија го потпиша Договорот од Преспа со Грција што го отвори патот за интеграција во НАТО, вкупно 17 дипломати на Руската Федерација се протерани од Скопје, јавува Инбокс7.

Дипломатската војна што Русија се обидува да ја прошири на Северна Македонија се засили особено по членството на Северна Македонија во НАТО.

Во меѓувреме, Северна Македонија е внимателна во зачувувањето на својот суверенитет од руското однесување и агресија во земјата.

Последните тројца дипломати на Руската Федерација, акредитирани во Северна Македонија, пред неколку дена беа прогласени за непожелни лица и се очекува да бидат протерани од земјата поради активности надвор од дипломатските надлежности.

Станува збор за политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и за военото аташе С.Попов. Тројцата руски дипломати извршиле активности кои се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните дена ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија.

Исто така, надлежните го протерале и свештеникот на Руската црква, кој дејствувал во Северна Македонија, Васјан Змеј.

На 15 април шестмина вработени во руската амбасада во Скопје беа прогласени за персона нон грата. Овие шест руски дипломати извршиле и активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

МНР протера и пет руски дипломати на 28 март годинава, еден месец по почетокот на руската инвазија на Украина. Претходно протера руски дипломат во 2021 и 2018 година, на што Русија возврати со протерување македонски дипломати од амбасадата во Москва.

На 7 март годинава Русија ја додаде Македонија на листата земји кои преземаат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани.

Related posts

Владата штеди на здравјето на работниците и на „африкански температури“

admin

Богати пратеници во „единицата“: Секој од нив во просек има 250 илјади евра

admin

Меџити контра ДУИ: Вие сте последните витези на Груевски

admin

Протест во Тетово: одговорност и правда мора да има

admin

Партија или завод за вработување – продолжува старата пракса и со новата влада

admin

Дали сме на прагот на Третата светска војна?

admin