23.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИИНТЕРВЈУ

Алиу: Балансерот за етнички вработувања треба да се замени

Балансерот за вработување по етнички клуч не си ја врши работата и како таков треба да се замени со друго законско решение во кое квалификациите на апликантите ќе бидат приоритет пред националноста, смета министерот за администрација Азир Алиу. Мерит системот треба да е на прво место, додава тој.

Господине Алиу, Државната Комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до Уставен суд за да се провери уставноста на алатката балансер за вработување по етничка припадност. По многубројни злоупотреби на балансерот дали, условно кажано, му истече рокот на употреба?

Значи вака, балансерот и денеска кога се злоупотребува, за жал. И тоа поради две причини. Првата е уставно загарантирана можност на секој од нас, а тоа е да станете сабајле да се чувствувате како што вие сакате, а тоа чувство да биде поврзано со некое слободно работно место. Вториот момент се поврзува со нашиот ментален склоп, а тука јас лично го поврзувам и со образованието, семејните вредности… Знаете да менувате националност заради интерес ви кажува многу за тој профил на човек. Прво, дека тој стручно не е соодветен за да може да се вработи некаде и затоа мора да менува националност и вториот момент е тој профилот на лабилност на личности кои негативно ќе се рефлектираат утре на тоа работно место. Да, точно е дека се злоупотребува, ние немаме механизми за да може тоа да се спречи.

Какви мерки вие може да преземете за да го спречите тоа?

Една од мерките во законот, во новиот предлог закон е тоа што секој кандидат којшто сака да се вработи во јавна администрација мора да отвори профил во Агенција за администрација. Една од пречките за да не се злоупотреби е полињата за матичен број и националност да не може да се менуваат (ажурираат). Еднаш отворен профил значи дека остануваат тие две полиња, засекогаш такви. Матичниот не се менува и националноста природно не треба да се менува, иако тоа е чувствително прашање. Некој од утре може да каже дека не се чувствува така како досега. Тоа не е решение. Ние мора да имаме закон и да се отстрани балансерот како таков, оти реално и вие и ние сме свесни дека се злоупотребува и треба да се замени со законско решение.

Целото интервју е достапно ТУКА

Related posts

Ограбен домот на поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи – украдени се пари и семејни вредности

admin

Трамп повторно го критикува Стармер за одбивањето да дозволи напади врз Иран од британски бази

admin

1.500 основци помалку, 600 наставници повеќе за една година

admin

КОЛКУ СЕ ЛОШИ РАБОТИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И САД?

ninja

Филипче од Куманово: Не водиме црна кампања, туку ја кажуваме вистината за политиките на власта

admin

Артан Груби ставен на “црната листа” на САД

admin