16.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Јануарските сметки на ЕВН ги изненадија граѓаните

Во ЕВН уште пристигнуваат жалби од граѓаните, а во Регулаторна пристигнале 30 поплаки заради високи јануарски сметки за струја, јави Радио Слободна Европа. Поскапување нема, велат од Регулаторна, а според ЕВН потрошувачката е зголемена. Граѓаните се жалат дека за исто количество потрошена струја добиле многу повисоки сметки.

Јануарските сметки се со ново покачување, се жалат дел од граѓаните. Потрошувачите со кои разговаравме велат дека во споредба со последните два месеци од минатата година, во јануарските сметки имаат значително повисоки суми, иако тврдат дека потрошувачката речиси не им се зголемила.

Според објаснувањето од Регулаторната комисија (РКЕ), за месец јануари дополнителен трошок во сметките за струја е само новата ставка – „пристап до мрежа“, која изнесува 200 денари, односно 236 денари со вклучен ДДВ.

Но, некои граѓани за РСЕ се жалат дека во сметките за првиот месец од 2024 покачувањето им е доста поголемо од најавените 200 денари.

„Сметката за јануари ми е повисока за 450 денари. Не ги разбирам многу пресметките, но ако до декември плаќав околу 1200 денари сега сметката ми е речиси 1700. Интересно е што потрошувачката ми е минимално зголемена“, вели Љубинка Атанасовска од Скопје.

И други граѓани кои ги затекнавме додека чекаат ред за наплата во ЕВН, го посочуваат истиот проблем.

И покрај тоа што револтирани граѓани и преку фотографии на социјалните мрежи од своите сметки за јануари се жалат на поскапувањето, во извештајот на ЕВН се уште нема извештај за поплаките на сметките од првиот месец од 2024 година.

Оттаму велат дека кон крајот на минатата година немало значително зголемување на бројот на жалби.

„Нема значителен раст на бројот на барања за корекции на фактурите за електрична енергија во споредба со изминатите месеци. Поради ниските температури има и зголемување на потрошувачката на корисниците. Во ноември, во трет блок влегле околу 1,7% од домаќинствата, а во четвртиот блок влегле 0,40%. Во декември, во трет блок влегле околу 4,3% од домаќинствата, а во четвртиот блок влегле околу 1,3%“, се вели во одговорот од ЕВН.

Related posts

Силна поддршка од Шпанија за македонските евроинтеграции

ninja

СДСМ и ДУИ со заеднички претседателски кандидат, но дали кандидат – Албанец?

admin

КОНФЛИКТОТ ВО ДУИ КУЛМИНИРА ВО ЧАИР

ninja

Фон дер Лајен: Изборот е Ваш, сите партии имаат одговорност за иднината

admin

ЗОШТО АНКЕТИТЕ ГО ВРАТИЈА ГРУЕВСКИ НА „БЕЛ КОЊ“?

ninja

Разрешен Иван Гешев

admin