29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ: Советниците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН изгласаа ДУП за кумот на Димитриевски

СДСМ обвини за, како што велат, „најголем корупциски скандал во Куманово“, откако Советот на Општина Куманово изгласал измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од урбаната единица „Тоде Мендол“.

Од опозициската партија тврдат дека со одлуката, донесена со 17 гласа „за“, се овозможува финансиска корист за Драган Митевски, кого го нарекуваат кум и бизнис партнер на градоначалникот Максим Димитриевски.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН кренаа рака за ДУП-от со кој 600 илјади евра ќе легнат на сметката на кумот на Максо“, соопшти СДСМ.

Партијата тврди дека Митевски купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра, а потоа, „неколку дена подоцна“, го препродал на компанијата „Лидл“ за 600.000 евра, заработувајќи, како што наведуваат, 350.000 евра „без никаква инвестиција“.

Според СДСМ, потоа биле овластени купувачите да спроведат постапка за измена на ДУП во Општина Куманово, што вчера било изгласано од Советот.

„Постои ли поочигледен судир на интереси и корупција? Ова е епски корупциски скандал во Куманово“, наведуваат од партијата.

Во реакцијата, СДСМ го обвинува и Јавното обвинителство дека не постапува по случајот, оценувајќи дека јавниот обвинител „се слуша со премиерот Христијан Мицкоски и чека наредби“.

Партијата дополнително оцени дека ЗНАМ е формирана „заради бизнис интересите на Максим Димитриевски“, додавајќи дека „никој од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата, туку од тендери“.

„Одговорност ќе има, кога тогаш. Сите ќе одговараат“, порачаа од СДСМ.

Related posts

Пад на трговијата на мало и на индустриското производство

admin

Мицкоски: Бугарија бара редефинирање на македонскиот идентитет, не само внесување на Бугарите во Уставот

admin

Џо Бајден ќе го посети Израел

admin

Тестовите ПИСА се аларм за итни реформи во образованието

admin

Голема афера во Гостивар? 200.000 евра за дупки кои никогаш не се пополнија

admin

ЕУ ПРЕД ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Балканот повторно станува „буре барут“

admin