11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Разрешени директори, ќе се бара смена на министри на АА

Не е во прашање јавниот интерес на граѓаните, туку политичка одмазда, смета министерот за здравство Меџити.

Почна разрешувањето на кадри од Алијанса за Албанците кои го поддржале партискиот лидер, Арбен Таравари, во барањето поддршка од партиското централно собрание за приклучување кон опозицискиот блок. Владата почна со разрешување на двајца директори, а не е исклучено процесот да продолжи во Собранието со барање за разрешување на двајца министри – за здравство и за администрација и информатичко општество. Двајцата вчера одржаа прес-конференција пред зградата на Владата на РСМ.

„Третата седница на Владата се одвиваше надвор од сите процедури, а Артан Груби одлучуваше која точка да помине и која да не помине“, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

„Артан Груби, за сите проекти за кои се надлежни МИОА и МЗ, едноставно, без да ги чита ги одбиваше, а за жал техничкиот премиер на тоа аминуваше (…) Исто така, една од точките беше разрешување на двајца директори од Алијанса за Албанците (…) Таков тип на кадровски прашања прво треба да се синхронизираат на ниво на владина коалиција, а потоа да се стават како точки на дневен ред“, рече Алиу, објаснувајќи дека во случајот таа процедура не била почитувана.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир АлиуФотографија: Government of North Macedonia

На неговото барање за објаснување како тие двајца директори се нашле на дневен ред без да биде контактиран тој како надлежен од АА, „Артан Груби инсистирал дека тоа мора да биде така и тие мора да бидат разрешени“.

Информацијата за разрешување на директорите беше потврдена и во владиното соопштение.

„Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот одбор – која носи назив генерален директор, а за член на Управниот одбор на Акционерско друштво да го избере Идри Истрефи. На денешната седница разрешен е и Газменд Абдија од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ“, беше наведено во владиното соопштение.

Бујаре Абази е потпретседателка на Алијанса за Албанците, а Газменд Абдија претседател на гостиварскиот огранок на партијата.

Вицепремиерот Артан Груби инсистирал на разрешување на двајцата директори од АА
Вицепремиерот Артан Груби инсистирал на разрешување на двајцата директори од ААФотографија: P. Stojanovski/DW

Кадровската комисија бара разрешување

Министрите Алиу и Меџити вчера изјавија дека нема да поднесат оставки на функциите. Но, од АА информираа дека до премиерот ќе предложат разрешување на двајца од тројцата министри што ги има оваа партија во Владата, а одлуката за таквиот предлог била донесена од страна на кадровската комисија.

Причината поради која се бара нивно разрешување на Алиу и Меџити, е дека преку министерската функција двајцата министри вршеле дејствија кои се спротивни на Етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите и вработените во АА, како и јавно кокетирање кон ВМРО-ДПМНЕ, со одење во канцеларијата на министер од таа партија.

Министерот за здравство од редовите на АА, Фатмир Меџити (во средина)
Министерот за здравство од редовите на АА, Фатмир Меџити (во средина)Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Ваквата одлука ја донеле 5 од 7-те членови на кадровската комисија.

Кокетирањето кон ВМРО-ДПМНЕ кое му се припишува на Алиу, се однесува на завчерашната средба на министерот за информатичко општество и администрација и дополнителниот заменик во истиот ресор, Стефан Андоновски, со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски именуван на предлог од ВМРО-ДПМНЕ. На таа средба било разговарано „заеднички да се вложат напори за подобрување на системот за закажување за лични документи, со цел да им се излезе на граѓаните во пресрет и да се забрза тој процес“. /DW

Related posts

Хамас вели дека е подготвен на долга војна со Израел

admin

Тасевски: Упадот во Контролата за летање е рамно на тероризам

admin

СДСМ предлага законски измени и за партиите

ninja

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

Габриел: Не се само уставните измени

admin

Дали Ескобар ќе го „омекне“ Мицкоски?

admin