34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Проекции: Колку пратеници би имала ВМРО-ДПМНЕ- 52 или 60?

Доколку резултатите од последните локални избори во Македонија се пресликаа на парламентарно ниво, ВМРО-ДПМНЕ би била убедлив победник со 52 пратенички места, покажува анализа заснована врз распределбата на мандати по изборни единици. Ова е 6 мандати помалку од актуелниот број кој партијата го има добиено на парламентарните избори во 2024 година.

Според податоците, ВМРО-ДПМНЕ би имала мнозинство во сите изборни единици, со најсилни резултати во единиците 3, 4 и 5, каде што би освоила вкупно 35 пратенички места.

СДСМ би се позиционирал како втора сила со 21 пратеник, со најдобар резултат во Скопскиот и Источниот регион.

Албанските партии би биле поделено застапени — АКИ (НАИ) би освоила 20 мандати, а коалицијата ВЛЕН 15. Двете партии би имале доминантно присуство во единиците 2 и 6, каде што традиционално превладува албанското гласачко тело.

Левица би освоила 7 мандати, што ја позиционира како помал, но релевантен опозициски фактор, додека движењето Знам би обезбедило 5 пратеници, со поголема поддршка во неколку урбани општини.

Но, според проекциите и пресметките на ВМРО-ДПМНЕ, доколку утре се одржат парламентарни избори, партијата би освоила над 60 пратеници, повикувајќи се на резултатите од последните локални избори каде што обезбеди 550 советници низ државата и над 300.000 гласови. Од партијата велат дека СДСМ би се најде на третото место во неколку изборни единици, што го оценуваат како доказ за „јасна волја на граѓаните за промени“.

Проекциите укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ би имала релативно стабилно мнозинство, но без апсолутна самостојна влада, што би барало коалициски договор со некоја од помалите партии, најверојатно од албанскиот политички блок.

Резултатите, иако хипотетички, ја одразуваат моменталната политичка динамика — засилување на десниот блок и понатамошен пад на поддршката за СДСМ, паралелно со растечка стабилизација на новите политички субјекти меѓу албанските гласачи.

 

Related posts

Таен документ излезе во јавност: ВЛЕН планира една партија и ротирачки лидер

admin

Скопје ќе добие 80 милиони евра грант од ЕУ за енергетската криза – Фронтекс потпишан на македонски јазик

ninja

Средба во Софија, изјава за Делчев, оставка во СДСМ

admin

Секс-скандал во Кичево предизвикаа политички бурa, Дехари: Оркестрирана акција

admin

АЛАРМ ВО БЕРЛИН: Скриено оружје, експлозивен дрон и сомневања за руски диверзии

admin

„Аџибадем Систина“ најави тужба против Кедев: што се случува во приватниот здравствен сектор во земјата

admin