20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таен документ излезе во јавност: ВЛЕН планира една партија и ротирачки лидер

Порталот Тетовасот објави документ за кој тврди дека го содржи предлогот на четворицата лидери на коалицијата ВЛЕН за идното функционирање на организацијата во следните четири години, вклучително и трансформација во единствена политичка партија и ротирачко претседателство со едногодишен мандат.

Според документот, сите составни субјекти на ВЛЕН би се споиле во една партија, а претседателот би се избирал по ротирачки принцип – секоја година од различна партија-членка. Редоследот и застапеноста на претседателите би се утврдувале со жрепка, додека распределбата на другите функции би се договарала.

Предлогот предвидува Конгрес со 500 членови – по 150 од четирите партии и 50 претставници на ВЛЕН од дијаспората. Генералниот совет би броел 130 членови (по 30 од секоја партија и 10 од дијаспората).

Централното претседателство би имало 33 членови – по седум од секоја партија и пет од дијаспората, со тоа што пратениците, министрите, заменик-министрите и градоначалниците би членувале по функција, без право на глас.

Президиумот би се состоел од четири членови со четиригодишен мандат – претседател, генерален секретар, заменик-претседател и претседател на Генералниот совет – при што одлуките би се носеле со консензус.

Претседателот на ВЛЕН би имал едногодишен мандат, би ја претставувал организацијата пред трети страни и би ги организирал седниците на Президиумот и Централното претседателство. Генералниот секретар би бил административен директор на партијата и одговорен за секретаријатите.

Како почетен буџет се предлагаат 100.000 евра, обезбедени со по 25.000 евра од секоја од четирите партии. Седиштето на партијата би било во Скопје, а сите постојни канцеларии би се обединиле под брендот ВЛЕН, се наведува во документот.

Related posts

Техничка влада – наместо за државата, работат за партиите

admin

Мицкоски се сретна со Јован Костадинов, младиот херој од пожарот во Кочани

admin

Шведската министерка Розенкранц: Албанија и Црна Гора се лидери во процесот на евроинтеграција

admin

Трамп се „самопрогласи“ за Папа: Објава која предизвика бес кај католиците

admin

Американската влада објави нови НЛО-досиеја: Што содржат тајните документи?

admin

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ – КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?

ninja