2.8 C
Скопје
22 февруари, 2024
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Со полна брзина кон 2030 година

Минатата недела Словенија беше домаќин на Бледскиот стратешки форум (БСФ), конференција добро позната по својата традиционална дискусија за Западен Балкан. Иако оваа година дискусиите очигледно го надминаа регионалното внимание и имаа глобален дострел, иднината на Западен Балкан во рамките на ЕУ го украде вниманието. Гласно одекна идејата презентирана од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ и Западен Балкан треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година.

 

Пишува: Тања Фајон

Минатата недела Словенија беше домаќин на Бледскиот стратешки форум (БСФ), конференција добро позната по својата традиционална дискусија за Западен Балкан. Иако оваа година дискусиите очигледно го надминаа регионалното внимание и имаа глобален дострел, иднината на Западен Балкан во рамките на ЕУ го украде вниманието. Гласно одекна идејата презентирана од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ и Западен Балкан треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година.

Таканареченото „Бледско ветување“ никого не остави рамнодушен, туку го постави прашашето, дали и двете страни реално би можеле да бидат подготвени за проширување до тој датум. Мојот одговор на сите овие прашања е јасен: можноста е тука и треба да ја искористиме со полна брзина. Треба да работиме на изнаоѓање доволна политичка волја во Западен Балкан за реформи и политичка волја во ЕУ за проширување. Треба да се фокусираме на крајната дестинација, но не треба да го занемариме патувањето.

Кога станува збор за Европската унија, проширувањето на ЕУ е несомнено повторно на дневен ред. Геополитичкиот пејзаж јасно покажува дека нема алтернатива за проширувањето на ЕУ. Војната во Украина го зголеми апетитот за проширување, како и ја потврди идејата дека проширувањето е стратешка неопходност за ЕУ. Едноставно кажано – тоа е сега или никогаш.
Ова, се разбира, не значи дека критериумите за проширување на ЕУ ќе бидат отфрлени и дека Западен Балкан може да влезе во Унијата без да ги исполни истите. Тоа значи дека ќе се посвети поголемо политичко внимание на регионот и дека од земјите од Западен Балкан ќе биде побарано да ги реализираат тоа соодветно.

За ЕУ тоа значи самопосветеност за реформирање на процесот на одлучување и да се подготви во институционална и финансиска смисла. ЕУ со повеќе од 30 земји членки на маса едноставно не може да биде ефикасна како што треба. Ваквата реформа нема да биде лесна задача, но е неопходна. И тоа е од стратешко значење за ЕУ, на исто ниво на важност како и проширувањето.

Скептиците би рекле дека сите овие задачи се чини дека се многу тешки до 2030 година. Но, реалното гледиште е дека нема да има подобра понуда на маса за земјите од Западен Балкан и подобра можност за Унијата да се подобри и прилагоди на новите светски реалности.

Во Блед, открив формула за идната ЕУ во 2030 година, наречена на англиски „3E by 3E“, која ги опфаќа овие цели. ЕУ од 2030 година треба да биде повеќе ангажирана (engaged) со светот, да се прошири (enlarge) со Западен Балкан и нашите Источни партнери и да има веќе развиен (evolve) процес на донесување одлуки за да стане поефикасна. ЕУ треба да пристапи кон овие процеси со упорност (eagerness), експедитивност (expedience) и врз основа на искуство (experience). Верувам дека нема што многу да се додаде.

Годините што доаѓаат нема да се однесуваат на перцепции, ниту измами. Тие ќе се однесуваат на напорната работа на двете страни, Западен Балкан и ЕУ, со цел да се подготват двете страни за проширувањето на ЕУ до 2030 година.
Овие тешки времиња ќе бараат храбри лидери од двете страни. Лидери со поглед кон иднината. Лидери кои би биле подготвени да го постават проширувањето на врвот на нивната агенда и да ги донесат неопходните одлуки кои ќе овозможат проширувањето да се оствари. Затоа, европските избори ќе бидат важна пресвртница за целта на 2030-та.

Без разлика на изборите, Западен Балкан секогаш може да смета на Словенија. Ние ќе останеме цврст поддржувач на целосниот процес на проширување на ЕУ. Пријател на регионот и во добро и во лошо. На пример, Словенија веќе се залага за отворање на пристапните преговори на ЕУ со БиХ до крајот на оваа година.Времето ќе покаже дали претседателот Мишел одржа историски говор на Блед.

Се надевам дека Бледското ветување ќе се оствари и поради нашиот магичен Блед. Местото каде прекрасните алпски планински предели се среќаваат со кристално чистата езерска вода е најдоброто место за чуда да се остварат.

(Авторката е министерка за надворешни и европски работи на Република Словенија)

Related posts

Евреите, Палестинците и Македонците

admin

КОЈ ЈА ПЛАЌА ЦЕНАТА НА МЕДИУМСКАТА ЛАГА?

admin

ДЕНОТ НА ЖЕНАТА: ПОМАЛКУ ЛИЦЕМЕРИЕ, ПОГОЛЕМА СОЛИДАРНОСТ

admin

Да се подготвиме за забрзување на историјата

admin

СОМНЕЖОТ Е ОСНОВА НА ПИШУВАЊЕТО

admin

ЖИВОТ ВО АМБИС

admin