23.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Туризмот колатерална штета на македонско бугарскиот спор

Македонските туристички центри изгубија околу 100 илјади бугарски туристи, додека бугарските туристички капацитети останаа покуси за 400 илјади македонски туристи, велат туристичките работници. Политичкиот спор создаде одбивност меѓу бугарските и македонските туристи.

Барањето да се вметнат Бугарите во македонскиот Устав, бугарското вето за македонските пристапни преговори со ЕУ, историскиот, јазичниот и идентитескиот спор меѓу Софија и Скопје, како и тензичната политичка реторика во двете земји придонесоа да се намали интересот и на македонските и на бугарските туристи за посета, велат туристичките работници.

Дополнително намален е и интересот и од албанските и косовските туристи, вели директорот на државната Агенција за поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Тоа се само дел од последиците кои ги нотира Светската туристичка асоцијација при Обединетите Нации во својот последен извештај каде што забележува 8 проценти пад на туристичката ранг листа. Јаневски вели дека овој пат е забележан во споредба на бројките со 2019 година, од пред пандемијата и до него доведуваат неколку причинители.

„Ако ги гледаме бројките за првите 6 месеци тоа се должи на неколку објективни и субјективни причини. Политичката состојба предизвика ние да намалуваме минус од 60 до 70 проценти бугарски туристи, бидејќи имаме помал број на остварени ноќевања и туристи, секако исто е и во обратен правец од нас кон нив“, вели Јаневски во интервју за РСЕ кое што ќе биде објавено в недела.

Тој објаснува дека бугарските туристи во земјава беа во топ 5 туристи што во најголем број ја посетуваа Македонија до 2019 година. Но, со промената на политичката состојба земјава изгуби околу 100 илјади ноќевања кои претходни години ги реализирале бугарските туристи.

Претседателот на туристичко угостителската комора Аркан Керим смета дека од македонско- бугарскиот спор поголема штета трпат бугарските туристички центри.

„Поради тоа што ние годишно имавме 400 илјади македонски туристи кои одеа на зимување во Бугарија, а сега тие ги нема. Тие сега одат во Србија или други туристички центри, што значи поголем губитник е Бугарија ако се гледа на овој политички спор. Ние, да изгубивме, има една одбивност и на бугарска страна и на македонска страна на луѓето да патуваат поради овој спор што се наметна. Тоа е еден вештачки спор за кој се надевам дека брзо ќе се реши и дека се ќе се врати во нормала, затоа што поголем губитник во целава ситуација се бугарските туристички центри“ вели Керим.

Официјална Софија лани го повлече ветото на македонските евроинтеграции наметнато поради поради историски, јазичен и идентитетски спор со Скопје. Но за да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ треба да го промени Уставот и во него да ги вклучи и Бугарите.

Намален е и бројот на туристи од Албанија и Косово

За падот на бројот на туристи од Албанија и Косово е очекуван за Јаневски, посочувајќи дека овие туристи по пандемијата со ковид 19, избираат други дестинации. Според Керим, причина за тоа е недостаток на промотивна кампања во овие две земји.

„Верувајте на Македонија, на Скопје па и на Охрид им фалат настани, ни треба организација на поголем број на настани за да привлечеме поголем број на туристи, мањкаме во ова, немаме квалитетно претставување и во Косово и во Албанија, Треба да се искористи политичката стабилност што ја имаме со Косово и со Албанија за да привлечеме повеќе туристи. Но, ние немаме никаква промоција ни во Тирана ни во Приштина,“ вели Керими.

„Македонско село“ под клуч, без стопани, без посетители

Според него, последните податоци од светската туристичка статистика за земјава не ја отсликуваат во целост реалната туристичка слика. Керими вели дека на терен не се забележува голем пад на туристи во однос на годините пред пандемијата, но како што вели нема ни промена на подобро.

Оваа година вкупниот промет од туризам се очекува да достигне околу половина милијарда долари.Во јуни годинава над 110 илјади туристи ја посетиле земјава со што се реализирани 225 илјади ноќевања во туристичките капацитети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од нив 30 проценти биле од домашни туристи, додека 70 проценти од странски.

 

Извор: РСЕ

Related posts

Борел по средбите со Вучиќ и Курти: Имаме договор

admin

Скандалозен прекин на емисијата “Само вистина”, Мирчевски го избрка Рамадани од студиото

admin

Како економски тенкови, турските компании го гледаат Египет

admin

Еден чекор напред – два назад за уставните измени

ninja

БИХ: КАНДИДАТСКИ СТАТУС ВО ЕУ КАКО НАГРАДА ЗА НЕРАБОТЕЊЕ

ninja

Мирно по жестоките судири во Косово, НАТО распоредува дополнителни сили

admin