19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ирскиот премиер во Скопје порача дека зачленувањето во ЕУ е државна цел

„Влезот во ЕУ треба да биде државна цел, а не партиска работа“ – беше пораката на Лео Варадкар која тој денеска ја прати во Скопје. За време на посетата, прва на еден ирски премиер на Северна Македонија, Варадкар како успешен пример за ефектите од евроинтеграцијата ја посочи токму неговата земја која од зачленувањето досега помина низ сериозна позитивна трансформација. Тој повтори дека на патот на пристапување Ирска ќе и помогне на Македонија на секој можен начин. „Реформите ќе продолжат се до конечната цел – приемот во ЕУ“ – изјави домаќинот – Димитар Ковачевски.

„Зачленувањето во ЕУ треба да биде државна цел, а не партиска работа. Кога ние се приклучувавме кон Унијата постоеше силен консезус во земјата. Верувам дека е многу важно за регионалната стабилност на Балканот, но и за пошироката безбедност, особено по руската инвазија врз Украина, проширувањето да ја има потребната итност. Сакаме граѓаните на Северна Македонија и на регионот да имаат корист од зачленувањето во ЕУ, истот како што тоа беше случајот со Ирска пред 50 години. Отсекогаш сме го поддржувале проширувањето на Унијата и се радуваме да ја поздравиме Северна Македонија како идна земја-членка и се надеваме на забрзан напредок во пристапниот преговарачки процес. Подготвени сме да помогнеме на секој можен начин“, изјави Лео Варадкар, премиер на Ирска.

„Ирска е земја од која можеме многу на научиме, земја во која обединувањето за суштинските цели секогаш е приоритет. Членството во ЕУ за Ирска донесе општествени, политички и економски позитивни промени. Зборувавме за рефрмите, за нашите конкретни чекори кои ги прземаме. Изминатиот период континуирано добиваме потврда за заложбите за европска иднина – имаме потврда дека нашите заложби за заштита на македонскиот јазик и идентитет имаат резултат. Можеме да сме сигурни дека идните генерации ќе живеат со ЕУ горди што се Македонци со македонски јазик и идентитет. Процесот на реформи ќе продолжи, нема сила која може тоа да го запре…“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

 

Related posts

Меџити потврди: Хоџа ќе биде министер за екологија, Сали прв вицепремиер

admin

НОВ ШЕФ НА ВИШОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ СЕ БИРА ИДНИОТ ПОНЕДЕЛНИК

ninja

„Измислен судир меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ за да се сокрие вистината?“ СДСМ обвинува за таен план за мигранти

admin

Нова војна на повидок? Шефот на Пентагон предупредува на итна закана од Кина

admin

Универзитетската реформа во фокус: квалитетот, автономијата и предизвиците

admin

Бајден го отвори Самитот на НАТО: Русија нема да победи, Украина ќе го спречи Путин

admin