27.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Германската економија продолжува да тоне

Новата прогноза на економските експерти фрла потемна слика за германската економија од првичната која беше објавена пролетва, кога проценките велеа дека економијата ќе порасне за скромни 0,3 отсто во 2023 година, јави ДВ.

„Најважната причина за оваа ревизија е тоа што индустријата и приватната потрошувачка се опоравуваат многу побавно од она што го очекувавме пролетоска“, вели Оливер Холтемелер, потпретседател на Институтот за економски истражувања во Хале.

Прогнозата за следната, 2024 година, е нешто пооптимистичка. Експертите очекуваат Бруто домашниот производ (БДП) следната година да порасне за 1,3%.

Извештајот наведува дека големиот раст на цените на енергенсите во 2022 година го забавил опоравувањето на Германија од пандемијата на коронавирусот. Инфлацијата ја цеди куповната моќ на населението, додека најновото зголемување на каматните стапки од страна на Европската централна банка и нанесе тежок удар на градежната индустрија.

Неодамна и очекувањата на бизнисмените паднаа на пониско ниво, мотивирани од политичката несигурност која придонесува кон проблемите во економијата.

Оттука, и прогнозата за 2024 година е намалена за 0,2 процентни поени од првичната која беше објавена изминатата пролет.

Експертите нотираат дека „зголемувањето на платите во меѓувреме го следело зголемувањето на цените, цените на енергенсите паднале, а извозниците ги издржале повисоките цени, а па куповната моќ се враќа“.
Оттука, експертите очекуваат „падот да се намали до крајот на оваа година, а од следната да започне раст“. Се очекува годинава невработеноста да скокне на 2,6 милиони луѓе, а следната година благо да падане. Се очекува и намалување на инфлаторниот бран, од 6,1% годинава на 2,6% следната 2024.

 

Related posts

ПЛЕНКОВИЌ СМЕТА ДЕКА МИЛАНОВИЌ ГО УРИВА НАДВОРЕШНОПОЛИТИЧКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА ХРВАТСКА

ninja

МЕШАЊЕ ВО ПАЗАРОТ ИЛИ БОРБА ПРОТИВ ПРЕХРАНБЕНИ КАРТЕЛИ?

ninja

Софија одговори на вербалната нота од македонското МНР

ninja

Бесими – Автопатиштата на Бехтел и Енка ќе донесат економски развој

ninja

Кои се 10-те најдобри градови за живеење?

admin

Г7 бара продолжување и проширување на договорот за извоз на украинско жито

admin