19.8 C
Скопје
12 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Мега-извозен центар во Скопје, Даути: Ги отвораме портите на европскиот пазар за домашните производи

Компанијата „Даути-Комерц“ денеска започна со нова инвестиција која ќе го промовира извозот на стоките од земјава на европскиот и светскиот пазар. Со свеченост организирана од компанијата, во Сарај, Скопје, беше поставен камен-темелникот на „Извозниот центар“, кој ќе биде со површина од 30.000 метри квадратни со капацитет за складирање на над 50.000 тони стока, пренесува Инбокс7.

Центарот, кој ќе биде по најсовремени стандарди, се очекува да отвори нови работни места како во компанијата што инвестира, така и во компаниите кои ќе го порастат извозот на европскиот пазар. Компанијата континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети.

Генералниот директор на „Даути-Комерц“, Џемаил Даути, рече дека изградбата на Центарот е наметната како потреба за развој на компанијата, која е концентрирана во извозот на локални производи на европските пазари и ќе биде двигател на домашната економија.

„Го трансформираме начинот на трговија во понапредна форма. Локалните производители сами немаат моќ да бидат на пазарите во ЕУ, но ние сме специјализирани во дистрибутивниот дел и ќе создаваме нови можности“, рече Даути.

Присутни на овој настан беа претставници на централната и локалната власт, како и голем број членови на бизнис заедницата.

 

Related posts

ЕВРОЗОНАТА ПРЕД ЗИМСКА РЕЦЕСИЈА

ninja

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja

ОМБУДСМАНОТ ЗАТРУПАН СО ПРЕТСТАВКИ ЗА СУДОВИ И ИЗВРШИТЕЛИ

ninja

Што се разговарало на средбата Блинкен-Ковачевски? Ескобар вели дека корупцијата била главна тема

admin

Маричиќ: Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето и покажа дека е успешен концепт

admin

Лидерска средба, какви барања ќе испорачува Мицкоски?

admin