10.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРАНАСЛОВНА

Трнлив пат на Скопје да стане европска престолнина на културата

Град Скопје ќе биде Европска престолнина на културата за 2028 година. Но, европските експерти кои ја разгледувале апликацијата во декември 2022 година, нотирале серија забелешки за понудената програма и инфраструктурни проблеми. Како Скопје ќе стане град на културата, градските власти не одговараат.

Во радиус од еден километар, центарот на главниот град долго време изгледа на градилиште без роковник. Тарабите се уште ги кријат започнатите, но, не и завршени објекти на црквата Св. Константин и Елена на улица Македонија, хотелот Мериот Кортрајд и Офицерскиот дом на плоштадот Македонија, барокните згради на ЕЛЕМ и Пелагонија…

Но, ова слика, очигледно ќе мора постепено да се менува до крајот на 2027 година. Бидејќи со влезот во 2028 година, Скопје ќе биде пред целогодишен предизвик да ја одбрани титулата за европска престолнина на културата.

Хронолошки, идејата во зародиш, но, само во форма на иницијатива, започнала во времето на градоначалникот Коце Трајановски, кој беше на власт од 2009 до 2017 година. Кандидатурата ја поднесе раководството предводено од неговиот наследник Петре Шилегов. Со доаѓањето на чело на градот, номинацијата ја бранеше тимот на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, која заедно со новиот градоначалник од 2025 година ќе треба да работат на високите културни стандарди за оправдување на довербата за престолнина на културата.

Целата содржина достапна ТУКА

Related posts

Пресврт во проширувањето? ЕУ бара начин побрзо да ги внесе балканските земји во Унијата

admin

Беџети: Не очекувам дека бојкотот ќе има директно влијание врз динамиката на цените

admin

ЕУ ја награди Владата: Пари за реформи и дигитализација

admin

Како санкциите на САД врз руската нафтена индустрија ќе се одразат и на македонскиот пазар со горива

admin

ЗОШТО ВО БУГАРИЈА ПАК ЕЧИ „МАКЕДОНИЈАААА!“

ninja

Сертификатот од Кембриџ е безвреден само во партиските назначувања

admin