20.8 C
Скопје
15 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Израел и и германскиот државен резон: Што значи тоа?

Израелската безбедност е „државен резон“, нагласуваат политичарите во Германија по бруталниот напад на Хамас на Израел. Се зголемува притисокот за дефинирање како тој државен резон треба конкретно да изгледа.

Израелската безбедност е „државен резон“, нагласуваат политичарите во Германија по бруталниот напад на Хамас на Израел. Се зголемува притисокот за дефинирање како тој државен резон треба конкретно да изгледа.

Пишува: Вилијам Глакрофт / ДВ

За Германија, минатото е секогаш присутно: геноцидот на европските Евреи во времето на националсоцијализмот до денес има длабоки ефекти врз земјата и општеството, влијае на политиката и го обликува погледот на Германија за светот.

Кон Израел, кој од страна на ционистичкото движење беше основан како еврејска држава само три години по систематското убиство на шест милиони Евреи во Холокаустот, германската држава гледа „посебна одговорност“. Посветеноста кон Израел е повеќе од само политичка цел, таа е елементарен дел од себепоимањето на германската политика.

Тоа прави безбедноста и егзистенцијата на Израел да се „државен резон“ на Германија. Поранешната канцеларка Ангела Меркел го употреби овој поим уште во својот говор во Кнесетот во 2008 година. Нејзиниот наследник Олаф Шолц го повтори по бруталниот изненадувачки напад на Хамас врз Израел со стотици жртви.

„Во овој момент има само едно место за Германија – местото на страната на Израел. Тоа го мислиме кога велиме: безбедноста на Израел се германски државен резон“, рече канцеларот Олаф Шолц во својата владина изјава. Конкретно, тоа значи дека Германија, како и другите сојузници, го поддржува правото на Израел на самоодбрана и мерките што произлегуваат од тоа во Појасот Газа.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот
Германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот му изрази целосна поддршка на ИзраелФотографија: Liesa Johannssen/REUTERS
Државен резон – „во Германија никогаш специфициран“

Како и секоја држава, Израел, во рамките на меѓународното право, има право да се брани од напади. Тоа, покрај другите, го признава и Германија. Но, со употребата на „државен резон“, германските политичари избираат посебен термин што остава многу простор за интерпретации.

„Во Германија никогаш не било специфицирано што значи тоа“, објаснува воениот експерт Карло Масала, професор на Универзитетот на Бундесверот во Минхен. „Ако навистина сте сериозни во врска со фактот дека тоа е дел од германскиот државен резон, тогаш тоа морално и политички има еден вид уставен статус. Тогаш тоа значи дека во моментот кога егзистенцијата на Израел е доведена во прашање, Германија би морала да биде подготвени активно да го брани Израел.Тоа е логична последица“.

„Државен резон“ е концепт во правната теорија и меѓународната политика кој еволуирал низ вековите во западната политичка мисла како што еволуирале улогите, правата и овластувањата на современите држави. „Државен резон“ е принципот според кој државата, при оправдувањето на сопствената надворешна политика, има право да се повика на фактот дека интересите на сопствената нација имаат предност.

Комплексно прашање претставено на поедноставен начин

„Државниот резон им дава предност на државните интереси пред другите вредности“, вели за ДВ Мариета Ауер, извршна директорка на Макс Планк-институтотот за правна историја и правна теорија. Таа предупредува дека заштитата на државата Израел може да се покаже како вредност што би можела да биде во спротивност со други германски интереси.

Кога Ангела Меркел се повика на „државниот резон“ во Кнесетот во 2008 година, вели Ауер, можеби се работеше за несигурна правна теорија, но за паметен политички потег, поедноставено претставување на комплексно прашање. „Како шеф на влада, не морам да ги откривам (сите причини)“, објаснува Ауер. „Ако кажам дека тоа е во интерес на државата, тогаш е. Точка“.

„Државниот резон“ става крај на сите дебати

Со тоа што една канцеларка или еден канцелар ќе ја издигне германската позиција за Израел во „државен резон“, нејзе или нему му успева да стави крај на дебатата, вели во интервју за ДВ Клаус Дитер Волф, поранешен професор по меѓународни односи на Техничкиот универзитет во Дармштат. „Прогласувам одредена конкретна политичка намера како ‘државен резон’ за да ја направам недостапна за противречности“, оценува Волф, кој има пишувано за ефектите од „државниот резон“.

Ова има „сериозни последици“ за реалната политика, додава тој: Ако една држава едноставно може да игнорира одредени принципи – принципи што државата би морала да ги брани, како што се демократските права, човековите права и меѓународното право – тогаш таа ги поткопува.

Ангела Меркел зборува во Кнесетот во Ерусалим
Ангела Меркел зборува во Кнесетот во Ерусалим на 18 март 2008 годинаФотографија: AP
Можна колизија на германскиот „државен резон“ со меѓународното право

Примената на „државниот резон“ му дава приоритет на државниот интерес, кој пак може да се коси со меѓународното право. „Нема хиерархија во меѓународното право“, оценува за ДВ Јост Хилтерман, програмски директор на МЕНА на Меѓународната кризна група. „Што и да каже Германија за своето интринзично право да стои на страната на Израел, не ја ослободува од одговорноста да го почитува и застапува меѓународното хуманитарно право што ги регулира средствата на војување“.

„Не ми е јасно дали Израел прави разлика меѓу цивилни жртви и воени цели“, вели за ДВ Мајк Мартин, британски воен аналитичар. „Израел е обврзан да го стори тоа според меѓународното право.“

Доколку Израел го прекрши меѓународното право во остварувањето на своите безбедносни интереси, што Германија го опишува како  сопствен „државен резон“, Германија би можела да се најде во сè понезавидна правна ситуација.

Related posts

Тврдоглавиот Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ

admin

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ ПЕСИМИСТИ ЗА ИДНИНАТА

ninja

Брегу: Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската yнија и Западен Балкан

admin

“Црните листи” со законска сила и во земјата, или само предизборна флоскула

admin

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

admin

Кои министерства и општини трошат струја прекумерно?

ninja