Иранскиот министер за надворешни работи предупреди дека израелската копнена офанзива во Газа ќе го принуди Иран да интервенира, што веројатно ќе ја прошири војната во други делови на Блискиот Исток.
Хосеин Амирабдолахиан го даде коментарот за време на состанокот со претставникот на Обединетите нации за Блискиот Исток Тор Венесланд во саботата во Бејрут, објави Аксиос, цитирајќи два дипломатски извори со знаење за ситуацијата.
Изворите изјавија дека Абдолахиан рекол дека Иран не сака конфликтот да се прелее во другите делови на регионот, но инсистирал дека Иран ќе мора да одговори доколку продолжи израелската операција во Газа.