-1.2 C
Скопје
14 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Рама: ЕУ да ја казни Србија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, бара од Европската унија да преземе мерки против Србија по убиството на косовскиот полицаец. Шефот на албанската влада од Хрватска, каде што одржа конференција со својот колега Андреј Пленковиќ, вели дека Србија мора да биде казнета, исто како и Косово пред неколку месеци, пренесува Инбокс7.

„Овде зборуваме за симетрични минимални мерки со оние што претходно беа преземени за Косово, кои треба да се преземат и за Србија. Има програми, има врски што се користат за да се каже стоп, стоп!“, рече Рама.

За премиерот Рама, појавата на српската војска на север ја затегнува ситуацијата.

„Единствениот начин е дијалог, интеракција со процесот поддржан од ЕУ и САД и дефинитивно не појавувањата на српската војска на границата со Косово, кои само поттикнуваат тензии,”, изјави тој.

За Косово се очекува да се разговара во Берлинскиот процес на 16 октомври во Тирана. Премиерот Рама рече дека ќе има посебен простор за решавање на овој конфликт во регионот.

„Тоа ќе биде отворена платформа за размена на мислења меѓу сите учесници и секако во поглед на проблематичната ситуација на северот на Косово”, потенцира Рама.

Во поддршка на Косово излезе и премиерот на Хрватска, кој побара и мерки од ЕУ против Србија.

„Хрватска остро го осудува убиството на припадник на косовската полиција од страна на вооружени групи кои изгледаа како структурирани. Овој настан е многу сериозен инцидент. Тоа покажува дека има сили кои сакаат да ја дестабилизираат ситуацијата во областа на Југоисточна Европа. Не можеме а да не го видиме тоа надвор од овој контекст. Реакциите на ЕУ мора да бидат јасни и силни и да ги поддржат институциите на Косово.”, рече Пленковиќ.

Меѓу другото, двајцата колеги разговараа и за билатералната соработка, особено во областа на енергетиката и инфраструктурата.

Премиерот Рама рече дека ќе се добие хрватската експертиза во однос на администрирањето на фондовите на ЕУ во земјоделството, имајќи предвид дека двете земји се соочиле со слични ситуации.

Related posts

Министрите на Мицковски во недвижности тежат над четири и пол милиони евра

admin

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Е НЕУМЕРЕН ГЕСТ

ninja

Венко Филипче е нов претседател на СДСМ, вети реорганизација и заедништво

admin

Столтенберг: Најбрз начин да се стави крај на војната во Украина е да се загуби, но нема да донесе мир

admin

Средба Османи-Гутереш: Посветени да работиме заедно со ОН

admin

Мекмастер: Путин е насилник, уличен силеџија и кукавица

admin