22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Османи: Албанците ризикуваат статус од пред Охридскиот договор!

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, на својот Фејсбук профил реагираше за непочитување на принципот на владеење на победникот со победникот, при составување на новата влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушам некои од нив велат: „Први го прекршивте принципот во 2016 година кога коалициравте со СДСМ. Уште еднаш велам дека заштитните механизми на Охридскиот договор, кои беа услов за договарање на таков уставен поредок, беа да се заштити втората заедница да не биде мајоризирана, бидејќи мнозинството ги има бројките да се заштити“, напиша Османи.

Според него, без механизмите за заштита на легитимитетот, Албанците се претвораат во народ од пред Охридскиот договор на кој му се потребни нови заштитни механизми од дефакторирање и маргинализација.

Покрај со коалицијата ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ започна преговори за учество во новата влада со партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски. Првата средба се одржа синоќа во просториите на ЗНАМ, но во моментов нема конкретни детали за суштината на разговорите. Неофицијално, на оваа прва средба не се разговарало за кадровски избори и поделба на ресорите, но се очекува на следниот состанок да се разговара на оваа тема.

Related posts

Битка за статус кво или битка за промени

admin

Новата развојна банка БРИКС го овласти Алжир да се приклучи

admin

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

admin

Владата даде 32,5 милиони евра за проекти во 44 општини

admin

Претседателот на РКЕ Бислимоски поднесе оставка по кривична пријава

admin

ВЛЕН бара поголема автономија и финансиска независност за општините

admin