8.8 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на која теми на разговор беа домашните актуелни политички настани, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година, пренесува Инбокс7.

На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет и дека се прават сите напори Северна Македонија да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на средбата го најави новиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година, за кој укажа дека во оваа фаза од процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ ќе ги постави многу повисоко целите, но и насоките во Патоказите за подобрување на резултатите во сите области.

На средбата бил даден осврт и на новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан, со кој соговорниците беа согласни дека е добра и силна порака за регионот дека мора да се подготви побрзо за членство во ЕУ и со конкретни чекори суштински да се придвижува кон целосна интеграција во Унијата.

Плановите на ЕУ и посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан според Маричиќ го прави за нас членството во ЕУ на дофатливо и реално и дека треба да го искористиме овој позитивен политички моментум, бидејќи според него ова е шанса која не знаеме кога и дали воопшто ќе ја имаме повторно.

Вицепремиерот Маричиќ денеска ќе се сретне и со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ГД НЕАР), Герт Јан Копман и со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, а ќе земе учество и на дводневниот Форум „Глобална порта“, на кој домаќинка е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ќе има и воведно обраќање.

Related posts

Невидливиот обвинител – Една година од мандатот на Ислам Абази

admin

СДСМ и ДУИ со заеднички претседателски кандидат, но дали кандидат – Албанец?

admin

По обуката со Ф-35 пилотите изгледаат како да имаат 100 години

admin

Средба Столтенберг-Османи: НАТО е клучен фактор за безбедноста на Западен Балкан

admin

Телефонски разговор Ковачевски – Денков: Потребен е конструктивен пристап

admin

Македонска шлаканица за американската „црна листа“

admin