11.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Битка за статус кво или битка за промени

Ахмети повикува на коалиција со сите партии кои имаат прозападна ориентација и се залагаат за уставни промени. Прозападните партии од албанската опозиција повикуваат и на битка против корупцијата

 

Прозападни, ама и антикорупциски политики. Ова е линијата на која се „стројат“ партиите за претстојните парламентани избори. Лидерот на ДУИ, кој одамна се залага против фрагментација на албанскиот глас, во европскиот фронт ги гледа сите кои се за уставни измени. Од опозицискиот блок потсетуваат дека интегративниот пат не е засегнат само од одлука за уставните измени, туку уште повеќе од недостигот на борба против криминалот, корупцијата и лошото владеење.

„Коалиција може да направиме само со тие сили кои имаат прозападна ориентација или определба“, изјавил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на албанската „Top Channel“. На прашањето кои се тие партии, Ахмети дава дециден одговор.

„Сите тие кои ги прифаќаат уставните измени. Првите напори ги направивме со Европскиот фронт. На овој фронт да му се приклучат албанските политички партии, тие кои имаат добра волја. Првично да дадеме порака дека Албанците знаат да се обединат во важни моменти“, изјавил лидерот на ДУИ.

Ахмети оценил дека е важно домашните партии да се држат настрана од проруски, односно субјекти кои немаат прозападна ориентација.

„Многу е важно овие партии, посебно албанските партии, да не поддржат, да не одат по некоја македонска партија, која нема проевропски, прозападен, или е со сомнителен дискурс, алијанси кои ги создаде Русија преку своите сателити во Западен Балкан, како во Белград“, посочил Ахмети.

По изјавата на Ахмети дека косовскиот премиер Албин Курти се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија, со оваа изјава лидерот на ДУИ испраќа уште една порака дека не се потребни поделби меѓу партиите на Албанците во важни моменти за државата.

Демократски избори се европска вредност

Партиите на Албанците од опозицискиот блок здружени во Европски сојуз за промени (ЕСП), исто така се декларираат како проевропски партии, и инсистираат на европско однесување и европски избори.

Имаат забелешка дека тие што се нарекуваат „Европски фронт“ го оневозможуваат изборот на кандидат од опозицискиот ЕСП за член на Државната изборна комисија (ДИК). За ова од ЕСП ги информирале и меѓународните институции поврзани со изборниот процес. Во знак на протест, а како што претходно најавија, пратениците од овој опозициски фронт вчера ја бојкотираа средбата на Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека бојкотот не носи резултати.

„Од минатото е познато дека бојкотот не и` донесе ништо добро на политичката партија која практикуваше таков пристап во Собранието. Имајќи предвид дека сме на крајот на мандатот и дека е започнато одбројувањето до одржување на нови, регуларни парламентарни избори, мислам дека тоа не е тема за која треба да се разговара. Јас сум поддржувач на активни и небојкотирачки пристапи“ изјави Адеми.

Можноста опозицискиот фронт да остане без член во ДИК, го зголемува нивниот сомнеж за опасност од изборни фалсификати.

Без член во ДИК, кој според Изборниот законик им припаѓа ним, ќе немаат членови во избирачките одбори ниту медиумска застапеност. Најавуваат можни протести пред парламентот, а ако останат без член на ДИК, велат дека може да бидат принуди да блокираат гласачки места во Тетово и Скопје на денот на изборите.

Нужност од големи промени

По опструкциите на кои се жалат опозициските партии, тешко е да се обезбеди еден европски фронт, дури и кога идејата за ЕУ ги обединува сите, но ги разделува искреноста во борбата против корупцијата.

„За жал Владата на СДСМ – ДУИ не наоѓа храброст и не покажува зрелост точно и искрено да ги разбере забелешките дека нашиот интегративен пат не е засегнат само од политичките одлуки за уставни измени, туку уште повеќе од недостигот на борба против криминалот, корупцијата, лошото владеење итн“, оценува Изет Меџити, претседателот на Демократското движење кое е дел од ЕСП, потсетувајќи на бројни забелешки од ЕУ, Холандија, Германија Франција, за ургентнта потреба од реформи.

Осврнувајќи се на потребата од големи промени, потсетува на состојбата во која се наоѓа земјата, а беше наречена „епидемија на корупција“, од американската амбасадорка во РСМ, Анџела Агелер.

„Промените треба да ја зајакнат сегашната евроатлантска ориентација преку зајакнување на институциите, да ја продлабочат довербата меѓу новата и реформирана администрација во согласност со партнерските заложби и меѓународните обврски, да ја прошират соработката не само во про-форма легислативата, туку и во адекватна имплементација и прифаќање на духот на соработка на сите нивоа“, напиша Меџити на Фејсбук.

Според него, лидерите и партиите на владината коалиција на ниту еден начин, со никаков гест, со ниту една акција не демонстрираат ни минимум подготвеност за самопожртвуваност во име на крупните прашања и итни потреби за промени.

Извор: ДВ

Related posts

Путин бара остар одговор на странските служби кои сакаат да ја дестабилизираат Русија

admin

ЗГОЛЕМЕНОТО КИНЕСКО ВЛИЈАНИЕ ТРЕБА ДА ГО ВКЛУЧИ ЦРВЕНИОТ АЛАРМ

ninja

ФЗО – ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

ninja

ОСМАНИ: БУГАРИЈА ПОТКЛЕКНА ПРЕД ПРОВОКАЦИИТЕ

ninja

Харис во Варшава најави нова хуманитарна помош за Украина; преговорите во Турција не донесоа напредок

ninja

Американски лекари: Бајден е здрав и способен

admin