11.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Брегу: Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската yнија и Западен Балкан

“Ова постигнување не се состои само од намалување на трошоците, туку ја претставува и визијата на моќта на регионалната соработка”

 

Како значаен исчекор кон регионална соработка и достапност на мобилната комуникација, Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан (ЗБ), потпишана на самитот ЕУ-ЗБ во Тирана на 6 декември 2022 година, официјално стапи во сила и го означи 1 октомври 2023 година како ден на промените.

По речиси една година заедничка работа, под покровителство и со поддршка на Советот за регионална соработка  ( СРС) и Европската Комисија, како и со политичка поддршка од ЕУ и ЗБ, телекомуникациските оператори како од ЗБ така и од ЕУ, не само што ги исполнија одредбите од Декларацијата, туку во многу случаи и ги надминаа очекувањата.

Од овој октомври горната граница на цените за 1 ГБ податоци во роаминг, во рамки на посебните понуди и пакети, во согласност со Декларацијата за роаминг, не би требало да надмине 18 евра, со што меѓународните патувања и комуникацијата ќе ја направи значително поекономична.

Во многу случаи ограничувањето на цената од 18 евра,  во рамки на посебните понуди и пакети, оди и значително пониско, до 1,6 евра за 1 ГБ, додека три оператори од Западен Балкан освен цените во рамки на пакетот, ги намалија дури и редовните цени за дополнителни  услуги.

“Ова го најавив речиси пред една година, со зборовите дека “цените на услугите  за роаминг меѓу ЕУ и ЗБ ќе паѓаат со есенските лисја” и, ако некој се сомневаше, мило ми е што денеска моите зборови го убедуваат. Овој клучен настан веќе ја менува сликата за размена на мобилни податоци за граѓаните и патниците. Успехот на Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан сведочи за моќта на регионалната соработка која ја менува комуникацијата на подобро и покрај соочувањето со сложени предизвици. Оваа пресвртница доаѓа во момент на политички тензии, економски превирања и се поширок спектар на климатски промени во регионот, со што уште повеќе се нагласува важноста на регионалната и евроатланска соработка”, изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу. “Додека го славиме ова постигнување, им оддаваме признание за посветеноста на сите вклучени страни, посебно на телекомуникациските оператори, и се радуваме заради подобро поврзаната, подостапна и попристапна иднина за сите”.

Related posts

САД и Албанија одржаа заедничка воена вежба со дронови

admin

Германската економија е во криза: компаниите алармираат

admin

Руската војска нема да купува оброци од фирмата на Пригожин

admin

Онкологот Пешевска доби условна казна, судењето продолжува за останатите обвинети во случајот „Онкологија“

admin

Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со сведочење за финансиски неправилности

admin

НОВА ПРЕСМЕТКА МЕЃУ БЕЛАНОЦА И ГРЧЕЦ?

ninja