14.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Во Тетово не се гради втор студентски дом „на штета на Штип и Скопје“

„Ќе се гради втор студентски дом во Тетово, а студентите во Штип и Скопје не се студенти“ – е еден од бројните коментари под вестите објавени во македонските медиуми за донесување на владина  Одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово.

Веста всушност не кажува дека ќе се гради нов дом во Тетово, ниту почнува изградбата на втор дом. Одлуката донесена на седницата на Владата од 22 август, се однесува на основање на државна институција, откако студентскиот дом во Тетово, кој се градеше со години, се отвора за првите станари.

Домот во Тетово има капацитет за 300 студенти. Во 2016 година беше ветено дека тетовскиот ќе биде еден од трите нови студентски домови, но се’ до 2018 година немаше ни трага од домот. Лани во април МОН соопшти дека градежните работи се целосно завршени, но пак се чекаше на средства за да се купи мебел. Конечно во август беше објавено дека опремата во домот се поставува според планот и до крајот на септември работата на домот да заврши.

„По предвидената динамика, на 1 октомври престојот на 300 студенти ќе биде реалност во најсовремени можни услови кои може да ги има еден студентски дом кај нас“, објави министерот за образование Јетон  Шаќири.

Во студентскиот дом предвидено е да има и технолошка просторија, читална, сала каде студентите ќе можат да вежбаат фитнес, просторија за јадење итн.

Овој студентски дом е првиот дом што го изгради државата. За тетовските студенти има и еден приватен студентски дом, чии сопственици имаат договор со МОН. Се работи за ПСД УЈИЕ, со 120 легла.

Во Штип и покрај најавите, се’ уште нема студентски дом и покрај тоа што е идеја од самиот момент на основање на Универзитетот „Гоце Делчев“. И покрај тоа што во Штип студираат околу 5000 студенти, вклучително и странски студенти, на располагање е приватното сместување и 236-те легла од некогашниот ученички дом, сега и студентски. Има и два приватни студентски домови со вкупен капацитет од 112 легла. Но, тоа е далеку од потребите.

На прашањето до Универзитетот во Штип каква е потребата од студентски дома, од УГД одговорија дека Штип како универзитетски град има потреба од нов студентски дом кој ќе овозможи сместувачки капацитет за студентите од надворешноста и странските студенти.

-Универзитетот како јавна високообразовна установа нема надлежност да креира и управува со студентските домови. Секоја иницијатива што ќе произлезе, ќе биде поддржана од наша страна, одговорија од Универзитетот.

Како што одговорија од таму, Универзитетот во изминатите години во повеќе наврати има разговарано на вакви теми со надлежното министерство „и во секоја комуникација ставот од таму е позитивен“. Сепак, нема одговори кога и каде се планира изградба на нов студентски дом, па дури и студентски град како што беше првичната идеја.

Проценките на Универзитетот е дека на Штип му треба сместувачки капацитет за околу 1500 студенти, додека моменталните сместувачки капацитети се многу мали.

Според погоре кажаното, во Тетово не се гради втор студентски дом, туку за влегување во владение на новоизградениот дом. Потребни се студентски сместувачки капацитети и во Штип, каде засега студентскиот дом е само идеја.

Related posts

Командант на КФОР: Да не интервениравме во Косово, сега ќе ги оплакувавме мртвите

admin

Дали коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е „надвор од масата“ на Алијанса за Албанците?

admin

Руската војска нема да купува оброци од фирмата на Пригожин

admin

РУСКА АМБАСАДА: НЕМА ОСНОВА ВО ТВРДЕЊАТА НА ОСМАНИ ДЕКА РУСИЈА Е ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА КОНФЛИКТИ НА БАЛКАНОТ

ninja

Харис во Варшава најави нова хуманитарна помош за Украина; преговорите во Турција не донесоа напредок

ninja

НАТО и регионот: Наместо тензии, потребен е мир и дијалог

admin