11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ја нарече ДУИ “канцер”, Таравари доби понуда од Меџити

Лидерот на опозициското Демократско движење, Изет Меџити, ја повика Алијансата за Албанците да се приклучи кон опозицискиот фронт, а не “да превзема одговорност за се што правеше некој друг 20 години.”, јавува Инбокс7.

„По интервјуто и по изјавите на господинот Таравари и ставот за Законот за казино во Европската комисија, се гледа дека и Алијансата за Албанците се на линија со албанската опозиција. Дури и на позициите што тој ги имаше во последното интервју, па таму се опозициски партии и мислам дека е моментот да се направи чекор, да се направи моќна опозиција, моќна кауза и да се врати надежта кај младите“, рече Меџити.

Таравари во интервју за последниот број на неделникот „Фокус“ ​​изјави дека ДУИ е рак на општеството и цела држава е под окупација на ДУИ.

„Мило ми е што тоа што долго време го зборувавме за ДУИ и сега го кажуваме, некои партии сега го кажуваат. Дека тие се ракот на општеството, дека имаат метастази во сите институции, дека цела држава е под окупација на луѓето од ДУИ. АзА е создадена како антипод на ДУИ, ние сме од поранешна ДПА и традиционално сме опозиција и партија што треба да ја замени ДУИ“, изјави Таравари.

Тој го коментираше повикот на Фатмир Лимани од Движењето Беса за АзА да се приклучи на опозицискиот фронт.

„АзА е автономна и сериозна партија, одлуките ги носи во партиските структури, по анализите што ги прави и врз основа на волјата на членството. Во едно сум повеќе од сигурен, дека соработката не се прави со телевизиски дебати и јавни покани“, изјави тој.

 

Related posts

Очекувањата на Мицкоски од идната влада предизвикуваат реакции во Бугарија

admin

Села постави услови: Уставни измени и укинување на „20%“ пред разговори за Влада

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin

Скопје ќе набави 100 еколошки градски автобуси

admin

Двајца вработени во израелската амбасада убиени во Вашингтон, осомничениот во притвор

admin

ПАРТИЗАЦИЈАТА И НЕПОТИЗМОТ ГИ БРКААТ ЛЕКАРИТЕ ОД ЗЕМЈАВА

ninja